Една од најбараните македонски фолк пејачки, Сања Гроздановска позната како Сани, по трет пат го кажа судбоносното „ДА“.
По вториот неуспешен брак, кое таа долго време го криеше од јавноста, пејачката имаше период кога буквално беше сама и објаснуваше како има многу додворувачи, поради што одреден период морала да изнајми и лично обезбадување.
Утринава на социјалните мрежи Сани и нејзиниот сакан Никола, споделија фотографија од нивните раце и прстен, а во ист момент тече и песната „Таа кажа да“.
Избраникот е Никола Урдаревиќ, кој се бави со хотелиерство, а во врска се нешто повеќе од еден месец.
Според дел од муабетите во чаршијата, по свадбата, Сани ќе замине заедно со Никола во Швајцарија.
Нека има е долговечна љубовта!
Сани по трет пат кажа „ДА“ – нејзината публика e среќна, но и тажна, таа ќе замине од Македонија
