Најнова вест. Васил повторно коментиран.
Кој е вашиот став, дали го оправдувате овој негов нов потег?
Кога ќе се спомене името на Васил Гарванлиев во Македонија, секогаш следува вистински бран на различни реакции. Некои негативни, други пак позитивни.
Така е и овојпат, откако Васил се појави во необично издание.
Македонскиот пејач Васил Гарванлиев е секогаш единствен и екстравагантен кога станува збор за неговата сценска појава.
Вчера тој присуствуваше на гала вечер на фондацијата „Метју Шепард“ и се одлучи за интересна модна комбинација која го привлече вниманието на присутните, но и на неговите следбеници на социјалните мрежи.
Имено, тој се одлучи за блуза со невообичаен дизајн, здолниште и високи црни чизми.
На дел од фотографиите кои ги објави на својот инстаграм-профил, Гарванлиев позира со неговиот партнер со кој се свршија во месец мај годинава.