ФОТО: Скопје ли е, Белград ли е: Партизан како да играше во Србија против МЗТ Скопје





Секако, мора да се напомене и огромната поддршка која ја имаше МЗТ Скопје од публиката и секако навивачката група „Фемили“, кои цели 40 минути без одмор навиваа за својот тим и покрај високата негатива.





Денес во Скопје се играше натпревар од второто коло во АБА лигата, македонскиот шампион МЗТ Скопје го пречека српскиот гигант Партизан. Гостите беа големи фаворити пред средбата и тој епетит го оправдаа со победа од 74:92.




Необична беше глетката на оваа средба на трибините во „Јане Сандански“, каде голема поддршка од навивачи имаше гостинскиот тим Партизан.




Ништо нема да биде необично, ако повеќето навивачи се од Србија, но во овој случај е обратно, односно најголемиот број беа навивачи од Македонија, кои имаат симпатии кон „црно-белите“.




Вкупно околу 500 навивачи му дадоа поддршка на Партизан, а поради тоа можеше да се забележи и големо присуство на обезбедување и полиција во салата „Јане Сандански“ во Аеродром.




Најдобар кај домашниот тим беше Миќовиќ со 18 поени, пред Кафи со 17 поени, додека Максвел реализира 13 поени. Од македонските кошаркари Војдан Стојановски даде 11 поени. Кај Партизан, Егзум и Нанали имаа по 17 постигнати поени, додека повратникот Мадар реализира 12 поени.

Следното коло за МЗТ Скопје носи нов пеколен натпревар, тоа е гостување кај Будуќност во Подгорица. Партизан, пак, на домашен терен ќе го пречека тимот на СЦ Дерби против кого исто така е голем фаворит, а претходно има обврски во Евролигата.

error: Content is protected !!