Македонските навивачи се претставуваат како „Гробари Македонија“, а нивните колеги од Србија пеат против Македонија односно велат дека таа е „Јужна Србија“.
Голем скандал на спортски натпревар. Се меша и политика.
Видеото е на крајот од текстот!
Големо внимание во јавноста се појави за денешната пресметка помеѓу МЗТ Скопје и Партизан, не толку за случувањата на теренот, колку она на трибините.
Во салата „Јане Сандански“, гостинскиот тим имаше силна поддршка од навивачи од Македонија. Од повеќе градови, Велес, Скопје, Свети Николе, Кавадарци… навивачи беа облечени во црно-бело и навиваа за српскиот тим среде Скопје.
И не така одамна, треба да се присетиме што скандираа нивните „колеги“ односно поддржувачите на Партизан од Србија, на ракометен дуел против Еурофарм Пелистер во Битола.
„Јужна Србија, никогаш Македонија“, скандираа извесен период „Гробари“ на дуелот во Битола. По опомена на делегатот тие прекинаа, но потоа уште еднаш го повторија скандирањето.
Погледнете го видеото од тоа скандирање: