Специјалниот едукатор и рехабилитатор е стручен човек кој има „супер моќ“, вели младата стружанка, која следејќи си го сонот отворила свој Центар за рана интервенција и стимулација на деца и возрасни во Скопје.
Стефанија Трајческа е родена во Струга во 1997 година, дипломирала на Институтот за дефектологија при Филозофски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а 2021 година, вели, дека за неа е најуспешна година, кога се стекнала со назив дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор.
Моментално ги завршува постипломските студии на одделот на интелектуална попреченост и аутизам.
Во едукација е на семејна и системска психотерапија, а работи во нејзиниот Центар за рана интервенција и стимулација на деца и возрасни – Тимот А. Редовно води дневник и пишува поезија.
Сега, во друга улога, објави статус кој крена доста „прашина“. Прочитајте го во продолжение:
Затрчана од работа, дете ме чека за 15 мин.,а јас одам во банка, по униформа, кломпи итн. Пааааа сум згазнала на тревата и една жена вика “Некултурна провинцијалка”.
Не, “пошо” овие од Скопје не газат на трева, до провинцијата е. Па шубо од друга страна ми дојде шо ме препознала дека сум провинцијалка и што ние провинцијалкиве газиме по Скопјево!
Линкот од статусот може да го погледнете ОВДЕ.