Лошата вест која го потресе цел Балкан.
Огромна загуба, најмалку 3 лица загинаа.
Веста со огромна брзина се прошири.
Од загинатите најблиските веќе се опростуваат преку социјалните мрежи.
Доцна вечерва околу 20:55 часот во Палилула на Панчевачки пат, во соседна Србија се случила сообраќајна незгода.
Како што пренесуваат медиумите, автомобилот излетал од патот и удрил во столб од електрично осветлување.
Станува збор за патничко возило „фиат мултипла“, а три лица од здобиените повреди починале на лице место, додека едно лице со возило на Итна медицинска помош е пренесено во Ургентниот центар.
Како што информираат медиумите, двајца мажи и една жена починале, а уште еден маж во тешка состојба е пренесен во Ургентниот центар.
На лице место има голем број на полиција, а од околу се собрале и граѓани кои биле во близина.
Истрагата во моментов е во тек.