Во сообраќајка во Виница загина 25-годишно момче
Рано утрово на регионалниот пат во близина на „Оранжерии“-Виница патничко моторно возило „фиат пунто“ со винички регистарски ознаки, излетало од патот при што шоферот Д.С. (25) загинал на лице место.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.К. (20) од Виница. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица Виница.