Исчезна фејсбук профилот на Божидар Божиновски









Писателот и сценарист Божидар Божиновски и беше добро познат на македонската јавност како човек со големо влијание на социјалните мрежи односно на Фејсбук.

На јавноста тој и беше познат уште и како Моџо Килингтон.




Во изминатите неколку денови, тој влезе во отворена војна на социјалните мрежи со 10-тина лица, објавувајќи нивните фотографии и пишувајќи различни работи за нив.




Дел од неговите зборови беа и од вулгарен односно недозволен вокабулар, поради што беше предупреден и од страна на ЗНМ.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), реагира на непримерната јавна комуникација проследена со груби навреди и закани кон новинари објавени на фејсбук профилот именуван како Божидар Божиновски. Оттаму предупредуваат дека објавување на ваков тип на содржина може да поттикне говор на омраза од страна на трети лица на социјалните мрежи, како и на дел од онлајн медиумите.

Откако повеќе лица на социјалните мрежи споделија дека ќе му поднесат тужби, Божидар Божиновски односно неговиот профил од социјалните мрежи мистериозно исчезна.




Не е позната причината, дали самиот тој го деактивирал или пак можеби од самата социјална мрежа е избришан.

На Твитер се појави твит кој вели:




Божидар Божиновски го избришал facebook профилот. Да сум на неговото место и јас би го избришала после таков нервен слом, а потоа и додава:

Џабе го избришал facebook профилот Божидар Божиновски. Секако тужбите ќе стигнат на неговата адреса.

Нашата редакција се обиде да стапи во контакт со блиски луѓе на Божиновски, но до објавување на овој текст, не добивме никаков одговор.

error: Content is protected !!