Надал кажа што мисли за отсуството на Ѓоковиќ – ГИ НАЛУТИ ФАНОВИТЕ

Новак Ѓоковиќ официјално доби забрана за настап на овогодишниот УС Опен. Тоа ќе биде голема загуба за последниот сезонски Грен слем турнир.

Рафаел Надал, еден од ривалите на српскиот ас, го коментираше неговото отсуство од мечевите во Њујорк.

„Па, знаевме дека Новак нема да игра на одредени места ако не се сменат правилата, нели? Тоа го знаевме пред неколку месеци. Од моја лична перспектива, ова е многу тажна вест. Секогаш е срамота кога најдобрите светски спортисти не можат да учествуваат на најдобрите турнири поради повреди или некои други причини. Во овој случај, немањето еден од најголемите играчи во историјата на УС Опен е секогаш голема загуба.

Спортот е поголем од кој било играч. Пропуштив многу турнири поради повреди во текот на кариерата. Не бев тука минатата година, исто така пред две години… Турнирот функционираше и светот продолжи. Иако можеби тоа не е добра вест за сите – светот на тенисот ќе продолжи да живее по мене, Новак и Роџер. Без сомнеж, Новак е еден од најголемите во историјата на спортот и навистина ми е жал што не е тука“, рече шпанскиот тенисер.

Заедно со Данил Медведев, Надал ќе биде во потесниот круг фаворити за освојување на трофејот на УС Опен.

error: Content is protected !!