Скопјани се разбудија во шок: Почина еден од најпознатите бербери во градот
Скопјани утрово се разбудија со нова тажна вест.
Социјалните мрежи се преплавени со фотографии од него и негови блиски пријатели и соработници.
Почина Џеваир Јакупи, познат на сите и како Џеки. Тој беше еден од најдобрите и најпознати бербери во Скопје и цела Македонија.
Имаше само 38 години. Зад себе остави сопруга и три мали девојчиња.
Џеки имаше салон за за потстрижување „Дјеки Јанг“ во ТЦ Зебра, каде често можеше да се видат гости од јавниот живот.
Многу често кај него оделе и пејачи, политичари и спортисти.