Руските воени сили ја преземаа најголемата нуклеарна централа во Европа, Запорожје, а пред неколку дена се појави опасност од катастрофа.
Откако украинскиот претседател Володимир Зеленски завчера кажа дека била избегната нуклеарна катастрофа, откако со часови немало струја поради гранатирањето од страна на Русија, сега доаѓаат нови обвинувања за Русите.
„Енергоатом“ преку соопштение обвини дека Руските војници во претходните 24 часа повторно ја гранатирале територијата на Запорожје.