Скопјанец прво пријавил дека го тепале, па самиот бил уапсен.
Во продолжение дознајте што се случило:
24-годишен жител на Скопје вчера пријавил дека неколку лица го нападнале кај Бит-пазар, за неколку часа подоцна и самиот да биде уапсен поради агресивно однесување и навреди што ги упатил кон полицајци, соопшти МВР:
„На 11.10.2022 во 17.22 часот во Полициска станица Бит Пазар, Р.Р.(24) од Скопје пријавил дека околу 16.30 часот на подрачјето на Бит-пазар бил физички нападнат од неколку лица, од кои едно од нив употребило остар предмет. Подоцна, околу 22.40 часот на подрачје на Бит-пазар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Р.Р., затоа што агресивно се однесувал и упатувал навреди кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија“, се вели во полицискиот билтен.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, додаваат од МВР.
Повеќе од МВР дневен билтен:
Денеска (12.10.2022) во 09.55 часот на ул.„Славеј планина“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(44) од Скопје. За него била распишана централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено поправна установа за издржување на казната.
Денеска (12.10.2022) во 10.10 часот на ул.„Скупи“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.И.(46) од Скопје. За него била распишана централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено поправна установа за издржување на казната.
На 11.10.2022 во 15.30 часот на ул.„Благој Крстиќ“ во Кавадарци, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.М.(40) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања бела прашкаста материја, неколку пакувања кафеава прашкаста материја, две дигитални ваги, пари во различни валути и апоени и други предмети со остатоци од кафеава прашкаста материја. Претходно, во 13.30 часот на ул.„Киро Спанџов“ во неговото паркирано возило бил затекнат И.П. (40) од Кавадарци, а во возилото бил и А.М.(36) од Кавадарци. При преглед кај нив и во возилото, кај И.П. била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.10.2022 година во 00.50 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Р.Б.(33) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе пакувања со амфетамин и марихуана. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.10.2022 во 10.40 часот во Свети Николе, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе го лишиле од слобода Т.А.(34) од Свети Николе. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена сооодветна пријава.
На 11.10.2022 околу 17.35 часот на улица „Ленин“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, со судска наредба, го привеле 49-годишниот тетовец Н.А. за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 11.10.2022 околу 21.00 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле Б.Б. од Гостивар за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 11.10.2022 околу 17.05 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 19-годишниот А.П. од тетовски Челопек, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
На 11.10.2022 во 14.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.П.(35) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.10.2022 околу 22.00 часот во тетовско Горно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.С.(30) од тетовска Голема Речица, затоа што при негов и преглед на патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, во кое бил сопатник, му била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против Ф.С. ќе следува поднесок по член 215 од Кривичниот законик.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 102 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
На 11.10.2022 во периoдот од 11.00 до 19.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, вкупно биле откриени и санкционирани 57 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-24 и ГВ-33). Од нив, 3 (ГВ) возачи пречекориле за повеќе од 70 километри на час, 13 (ТЕ-2 и ГВ-11) до 70 километри на час. При контролата, исто така, биле санкционирани и 88 пречекорувања на брзината во населено место (ТЕ-66 и ГВ-22), од кои 4 возачи (ТЕ) пречекориле за повеќе од 50 километри на час. На сите прекршители изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со парични глоби кои за овој вид сообраќаен прекршок се движат од 30 до 400 евра во денарска противвредност. При контролата санкционирани биле и 35 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-30 и ГВ-5).