Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски моментално се наоѓа во Будимпешта, каде е азилант, откако избега од државата пред да му се суди.
При заминувањето, Груевски напиша дека се плаши за својот живот и начинот од кој се спроведува правдата, поради што решил да замине во Унгарија.
Веќе имаше два неуспешни обиди од Владата предводена од СДСМ и ДУИ да го вратат назад Груевски, кој е осуден на големи казни затвор, за повеќе разни случаи.
Откако е во Унгарија, Груевски често преку својот Фејсбук профил испраќа различни ставови за повеќе теми. Дава свои коментари и видувања на настаните.
Сепак, овојпат се поајви и фотографија од него, како движи сам во Будимпешта.
Фотографијата е направена од личност кој седи во кафе бар, а во тој момент минува Груевски, кој може да се забележи дека изгледа сосема подмладено, притоа има и нешто подолга коса од вообичаено.
Тој во Унгарија е слободен граѓанин, па без проблеми може да оди каде сака.