На социјалните мрежи многу пати се покажуваат работи и влијание добиваат настани, кои не треба.
Од друга страна пак, вести кои се многу важни, не добиваат никакво внимание.
Така е и за најновата фабрика која е отворена во Македонија, а за истата преку социјалните мрежи објави Ацо Лукароски.
Еве што напиша тој:
Оваа вест, за жал, доби МНОГУ ПОМАЛ медиумски простор отколку веста за оштетувањето на таблата на бугарскиот клуб Цар Борис Трети и веста за ‘клетите фашисти’ во песната „Абре Македонче“…
Magna International е канадска компанија со годишен приход од над 37 милијарди евра (2021 г.), што е три пати повеќе отколку БДП-то на Македонија… Вчера во Струга отворија фабрика за производство на автомобилски делови…
Накусо од мене неколку информации…
Оваа инвестиција во старт обезбедува нови 1.300 работни места… Фабриката е на површина од 17 илјади метри квадратни…
За повеќе автомобилски брендови ќе се произведуваат внатрешни и надворешни огледала за автомобили, како и напредни видео системи за следење на движењето, модули и компоненти за возила!