Познатата пејачка Анета Наковска ја сподели информацијата за скандалот на Детската клиника со докторката Аспазија Софијанова и го повика новинарот Фуркан Салиу да биде доследен и да ја покаже истата храброст за многуте албански граѓани кои земаат плата, а никогаш не се појавени на работа.
По вчерашната конфронтација која се случи на Детската клиника во рамките на Клиничкиот центар мајка Тереза, откако новинарот Фуркан Салиу побара информации од директорката Аспазија Софијанова во врска со фиктивна наплата на нејзини дежурства, денеска се огласи и директорката.
Имено, вчера новинарот Фуркан Салиу побара одговори од директорката Аспазија, за тоа што таа земала пари за дежурства, а притоа не се појавувала на работно место.
Ниту еден денар немам земено надвор од мојата работа, работам само на Клиниката за детски болести и никаде на друго место. Начинот на пресметка на дежурства е утврден со соодветен правен акт и истиот се почитува до детал. И, на крај никогаш мојата плата не била 300.000 илјади денари, никогаш.
За ова се огласи и пејачката Анета Наковска која напиша:
-Оопааа!!! Убаво ќе биде ако овој новинар Фуркан Салиу има доблест да ја покаже истата храброст и праведност и за многуте Албански граѓани кои се вработени и си зимаат плата а на работа никогаш појавени
Лека полека секој ќе си плати за се, добро е што почна од некаде…Само е прашање на време кога ќе се отвори Пандорината кутија, пишува таа.