Сите раскажуваат приказни, па и јас: Пејачката Елена Ристеска го откри вистинското лице на Софијанова









Директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова, искусна докторка педијатар, се огласи на социјалните мрежи откако новинарот Фуркан Салиу ја обвини за астрономски приходи од дежурства, а јавноста се крена да ја одбрани нејзината чест.

Меѓу последните кои се огласија во врска со оваа ситуација се Александар Дадар, како и познатата пејачка Елена Ристеска.




-Ве разбудија среде ноќ (кога не сте на дежурство ни на смена)со трчање сте отишле за да му помогнете на едно детенце и помогнавте. Ова е само еден мал дел од ИЛЈАДНИЦИ случаи на кои сте им помогнале иако не сте морале и НЕ сте биле на СМЕНА.




За ЛЕКАР нема смена ,дежурство или одмор.Тоа го покажувате СЕКОЈДНЕВНО.Да даде Бог да јадете од златна лажичка цел живот и да сте ни живи и здрави за да се грижите за нашите деца како што само ВИЕ УМЕЕТЕ.




Ви се поклонувам за вашата човечност и хуманост.ЛЕКАР треба да зема МНОГУ ПОГОЛЕМА ПЛАТА и од претседател и премиер !!! А зошто??? Затоа што ВАШИТЕ ДЕЦА утре ке ги однесете да им го СПАСАТ животот !!! Уаааааа за сите што мислат поразлично!, напиша Дадар.

А, не можеше да преќути ниту Елена Ристеска, позната пејачка, која раскажа што знае за Софијанова:




-Дефинитивно секој збор е на место за оваа Докторка! Ретко коментирам и заземам страна. Меѓутоа и кога не била на дежурство и кога не била на работа доаѓала за да спаси итни случаеви кај дечиња и верувам за тие спасени животи дека не била наградена со повеќе плата.




Јас лично ја познавам и сме седеле во ресторан приватно кога одеднаш ќе рипнеше и ќе се упатеше према болница, за да спаси некое детенце. Иако одамна ја немам видено, Цули поддршка од мене и мојата фамилија особено од внука ми Делфина која те обожава,- напиша Ристеска.

error: Content is protected !!