Ја копираат Македонија: Уште 2 земји го откажаа учеството на Евровизија – еве кои









Црна Гора го откажа учеството на Евровизија следната година. Причина се расположливите ресурси и трошоците на јавниот сервис.




„Покрај значителните трошоци за котизација, како и трошоците за престој во Велика Британија, се соочивме и со незаинтересираност од спонзорите, па решивме постојните ресурси да ги насочиме кон финансирање на тековните и планирани национални проекти и организациски и програмски реформи што повлекуваат значителни инвестициски интервенции во опрема и простории“, соопшти црногорскиот јавен сервис.




Според некои медиуми, иста одлука донела и Бугарската национална телевизија – БНТ. Како причини се наведуваат финансиските тешкотии и политичките неизвесности во Бугарија. Изборот за песна на Евровизија 2023 година ќе се одржи во Ливерпул, Велика Британија.




Македонија прв пат во историјата се откажа од учество на Евровизија

По триесет години, прв пат Македонија нема да учествува на евровизискиот натпревар по сопствена одлука.




Македонската телевизија го откажа учеството на Евровизија која ќе се одржи следната година во мај во Ливерпул, Велика Британија за да заштеди средства кои треба да се платат за котизација, како и за патувањето и престојот на македонската делегација. Од МРТ соопштија дека :




-Ваквата одлука е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи ги предвид зголемените трошоци поради енергетската криза, коишто зафаќаат голем дел од буџетот на Јавниот сервис, како и зголемената котизација за самото учество на „Евросонг 2023“, којашто до минатата година изнесуваше 39.143,00 евра, а идната година се очекува да биде повисока. – се наведува во соопштението.




Веста како земја да не учестуваме на оваа голема музичка манифестација предизвика бројни реакции во јавноста.

Композиторите немаат дилеми дека е штета е да се пропушти ваков светски настан на кој државата има шанса да се претстави и да се чуе македонска песна.

„ Тоа е исто да се избори сега репрезентацијата на Македонија во фудбал и да не оди на Европско или Светско првенство, Значи нема оправдување не се тоа некои средства од кои да речеме боли глава. Јас сум убеден дека сите автори, јас зборувам од свое име се надевам дека и другите ќе се сложат никој нема да бара за композиците надокнада.“- Григор Копров – Композитор

„ За нас лично мислам дека секоја промоција поготов во вакво време на идентитетски проблеми многу битно да се настапува на било кои манифестации од ваков тип а Евровизија е најголем промотор поготово ваква музчката сцена, штета е да не се настапи меѓутоа тоа е сепак одлука на МТВ претпоставувам и на државата, ако јас сум државата јас би нашол средства.“ – Дарко Димитров – Композитор

Поради финансиски причини, учеството на Евровизија за следната година вчера го откажа и Црна Гора .

error: Content is protected !!