Шекеринска ја израдува цела Македонија: Станав потпретседателка – за прв пат земја надвор од ЕУ добива таква позиција









Радмила Шекеринска Јанковска (10 јуни 1972 во Скопје) — македонска политичарка, актуелна министерка за одбрана на Република Македонија.




Радмила Шекеринска магистрира на престижната школа за дипломатија и право „Флечер“ во САД во 2007 година. Шекеринска има дипломирано на електротехничкиот факултет во Скопје во 1995. Во текот на 1996 година работи како асистент за односи со јавност во Институтот Отворено општество Македонија. Од 1997 до 2002 работи како асистент на Електротехничкиот факултет.




Зборува англиски и француски јазик и исто така е автор на повеќе научни и стручни трудови од својата област. Добитник е на наградата “Глобални Водачи на Утрешнината“ што ја доделува светскиот економски форум.




Таа само што објави:

Ми претставува огромна чест да ве информирам дека на Когресот во Берлин ме избраа за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС).




Честа е дотолку поголема што ова е прв пат ПЕС да избере на таа позиција личност која доаѓа од земја која не е членка на Европската унија.
Благодарност до новиот претседател Стефан Лвен, кој го даде предлогот и до сите мои колеги кои го поддржаа.




Од 1993 година Шекеринска е избрана за член на ЦО на СДСМ во неколку мандати. Од 1995 е член на претседателството на ЦО на СДСМ, а во 1999 година е избрана за потпретседател на ЦО на СДСМ и за меѓународен секретар на партијата. Во периодот 1995 – 1999 година, ја врши функцијата претседател на СДММ, а во 1997 – 1998 година е и портпарол на СДСМ. Подоцна е избрана за потпретседател на Партијата, а на 5 ноември 2006 година е избрана и за претседател на Партијата.

Од 1996 до 1998 година Шекеринска е член на Советот на Град Скопје. Во 1998 е избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија. Во овој период ги врши функциите: заменик-координатор на Пратеничката група на СДСМ, член на комисијата за надворешна политика, член на комисијата за образование и наука, член на комисијата за животна средина, млади и спорт, член на делегацијата во Интерпарламентарната унија (УПИ) и член на пратеничката група за соработка со Европскиот парламент.

Во 2002 година повторно е избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија, а од 1 ноември 2002 до 2006 година е заменик-претседател на Владата на Република Македонија, задолжена за Европска интеграција и Координација на странската помош.

error: Content is protected !!