Страшна трагедија ја потресе Македонија: Пронајдено починато момче во зграда

Починато машко лице на возраст од околу 20-25 години било пронајдено починато, вчера, во зграда на улица „Дане Крапчев“ во Скопје.

Смртта била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Насилник дивеел во банка кај Бит-пазар, откако не му дале без лична карта да подигне дебитна картичка

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 15.30 часот го лишија од слобода 28-годишниот скопјанец К.И., поради сторено кривично дело „насилство“.

„Околу 15.00 часот, според пријавеното, тој влегол во експозитура на банка на подрачјето на Бит-пазар и побарал без лична карта да си ја подигне својата дебитна картичка, но од страна на вработена во банката му било кажано дека тоа не е возможно, по што тој почнал да ги навредува вработените и да им упатува сериозни закани по животот, а потоа да го уништува инвентарот во банката“, информира МВР.

Во соопштението се додава и дека Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје во консултација со ОЈО Скопје, ќе поднесена соодветна кривична пријава против К.И. за сторено кривично дело „насилство“.

Француз се тепал со двајца од Будинарци пред кафеана во Берово

Тепачка меѓу Француз и двајца жители на беровското село Будинарци се случила рано утрово пред кафеана во Берово, соопшти МВР.

„На 27.08.2022 околу 03.45 часот било пријавено дека пред угостителски објект во Берово по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Т.Р. од Франција од една страна и Д.Т.(28) и Т.П.(33) двајцата од с.Будинарци. Според пријавеното, Т.Р. го удрил Т.П. со стаклен предмет“, пишува во полициското соопштение.

Од МВР додаваат дека се работи на расчистување на случајот.

Приведен крадец во центарот на Скопје

Денеска (27.08.) околу 08,10 часот на автобуска станица кај Зелен пазар во Скопје, од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар бил приведен Т.А. (38) од Скопје, кај кого бил пронајден украден паричник. Паричникот бил на 49-годишно лице од село Вруток-гостиварско, кој што претходно пријавил дека на 26.07.2022 на железничката станица во Скопје му бил одземен од непознато лице. Против Т.А. по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

error: Content is protected !!