Скопјани не останаа должни, откако грчки навивачи нападнаа навивач – следуваше одговор: Каменуван автобусот на хулиганите













Денеска (15.10.2022) околу 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Центар-Скопје бил нарушен јавниот ред и мир од навивачи од навивачка група од Република Грција.




Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека дел од лицата од групата одзеле предмети од продажен објект и физички нападнале случајни минувачи.




Групата била обезбедена и по целосно расчистување и документирање на случајот против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.




Како што дознава медиумите од сигурни извори, откако навивачите на ПАОК од Солун направија инцидент во Скопје и пробаа да нападнат младо момче со обележје на Вардар кое случајно се движело во центарот на главниот град, на излезот од Скопје се случил нов инцидент.




Овој пат група на македонски навивачи го каменувале автобусот со навивачи од Грција кои биле на пат да си заминат од Македонија.

За среќа не дошло до посериозен инцидент, по што веднаш реагирале од ЕБР.

error: Content is protected !!