Тензично е вечерва во Скопје.
„Комити“ ја одбранија честа на Македонија.
Вонредната вест која ја потресе Македонија и главниот град Скопје добива разврска.
Веста продолжува веднаш по рекламата:
Најверните вардарови навивачи „Комитите“ се обидоа да им возвратат на грчките навивачи на ПАОК кои денеска во центарот на Скопје нападнаа момче во дрес на Вардар.
По дознавањето за тој инцидент, „Комитите“ организирано се обиделе да влезат во салата во „Јане Сандански“ каде женскиот тим на ПАОК играше со Металург, но полицијата навреме спречила поголема физичка пресметка со гостинските фанови од Солун.
Откако не успеале да влезат во салата, „Комити“ во втор обид ги чекале Грците на излезот од Скопје и се обиделе да го запрат автобусот, но повторно полицијата со брза реакција спречила поголем инцидент.
„Комити“, откако, не успеале во намерата да го запрат автобусот, решиле да го каменуваат истиот, но според информациите од полицијата, за среќа, нема повредени лица.
Претходно, во дивеењето на Грците низ центарот на Скопје, влегле во продавница и украле неколку шишиња со вода, по што дошло до вербална пресметка и со продавачката.
МВР веднаш ги идентификувала грчките фанови по што биле веднаш вратени во автобусот на клубот, за да спречи пресметка со Комитите, и не им било дозволено присуство на натпреварот во малата сала во „Јане Сандански“.