Што се случува со автобусите: Повторно се преврате – за жал има и загинати, ова се деталите









Што се случува со автобусите, нова голема трагедија.

Уште еден автобус излета од коловозот.




За жал, има и загинати, како и многу повредени.

Целиот текст прочитајте го после рекламата:




Во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на околу 12 километри југозападно од Ваљево кај браната Ровни, едно лице го загуби животот, а 16 патници се повредени.

Во моментот на несреќата во минибусот, кој превезувал главно пензионери, кои оделе на патување во областа Ваљево, имало вкупно 17 патници и возачот. Минибусот од се уште неутврдени причини прво ја пробил заштитната ограда, а потоа паднал во провалија длабока околу 50 метри.




Првичните информации од истрагата покажале дека рачната сопирачка во минибусот е се уште подигната, па дополнително ќе се испита зошто возилото тргнало наназад.




На споменатата делница вообичаено нема сообраќај, патот води до влезот во комплексот на браната и хидроакумулационото езеро.

Како што неофицијално се претпоставува, возачот најверојатно отишол на тоа место да праша како да стигне до манастирот Лелиќ.

error: Content is protected !!