На 14-ти октомври, 2020 година, во сообраќајна несреќа загина доктор Трајче Нешковски, кој имаше само 32 години.
На Нешковски, кој бил сам во автомобилот му се слошило, доживеал срцев удар, по што со својот автомобил удрил во дрво на Рузвелтова.
Тој бил пренесен во Ургентниот центар, но за жал, лекарите, неговите колеги, не успеале да го спасат. Во тој период, Нешковски беше раководител на детскиот Ковид центар во болницата во Козле.
Две години подоцна, неговите најблиски другари и сопартијци, повторно се собраа на едно место поради нивниот Трајко, без него, но спомени на секој чекор од него. Присутна беше и неговата сопруга Ема.
Во Гостивар денес се одржа меморијален турнир „Доктор Трајче Нешковски“, а на истиот имаше огромна посетеност. Пријатели и соработници на Нешковски од цела држава беа на едно место.
Нешковски во минатото беше секретар на младината на СДСМ, а претседател тогаш беше Стефан Богоев. Токму тие двајца беа ударната сила на младината, која промени многу работи во Македонија.
-Меморијален турнир “Доктор Трајче Нешковски”. Другарството, борбата, љубовта и спортот се она што беше Трајко, она што нас не обединува. Трајко те сакаме, напиша Богац, кој имаше и краток говор пред почетокот на турнирот.
Актуелниот претседател на СДММ, Марко Михаилоски пак напиша:
Годинава повторно нѐ собра Трајче!
Со измешани емоции денес во Гостивар, сите ние, млади социјалдемократи, негови почитувачи, пријатели, другари, да си кажеме збор-два, да споделиме некоја приказна, да оживееме некој спомен, за времето кога Трајче ја водеше борбата заедно со нас.
Ова се моменти на тага, но и на восхит, зашто ликот и делото на Трајче никогаш нема да замре, туку напротив, историјата за неговата ведрина, човечност, борбеност, храброст и праведност ќе се пренесува од генерација на генерација и Трајко ќе ни остане симболот на отпорот на СДММ.
Вечно ќе си го носиме во мислите и сеќавањата.
За Трајко