Новинарот Јанески со тажна објава на социјалните мрежи – Загуби важен член од семејството









Синоќа во Скопје, по кратко и тешко боледување на 74-годишна возраст почина доајенот на македонското глумиште, Марин Бабиќ (1947-2022).




Во 1971 година дипломирал на Театарската академија во Софија и истата година станува дел од Драмски театар – Скопје, каде го поминува целиот свој работен век.

Ќе остане запаметен по бројните и значајни улоги не само во својата матична куќа, туку и во други театри и проекти.




Повозрасните генерации сѐ уште со носталгија се сеќаваат на неговата култна „Ноќна програма“ на Радио Скопје, кога со неговиот извонреден глас влегуваше во домовите на слушателите и беше нивниот „пријател во ноќта“.

Радио кариерата ја заокружи со популарната радио-емисија за готвење во некогашниот Радио Равел.

На социјалните мрежи, за смртта на Бабиќ се огласи и неговиот внук, новинарот Огнен Јанески, кој со крајно емотивна песна и порака на крајот, му оддаде чест.




„Одочест“

(на вујко ми, Марин /Гермов/ Бабиќ – 1947-2022)

Низ врвулица роден,
по копнеж броден.
Остварен в сон
необоен од дом.
Како катмер смел и голем,
во лицето израз – орел.
Небиднина е животот творечки.
Составен од самовили непостоечки.
Музите – сокриени,
чиниш нави се злоради.
В беспрекорен отсјај
и в звуци ѕвечка глас.
Лелее низ црни очи,
со секој ôд в нејзин час.
А сега, тишина!
В сон се веселат и траорат.
А од тој сон – петли не будат.
Но, вечно ќе кукуригаат:
„Бебулиии… бебули.“

Сеприсутна е твојата отсутност. Те сакам, вујко. P.S. Поздрави го татко ми.




error: Content is protected !!