Македонската православна црква го прославува 28 август како спомен на смртта на Богородица на ден кога таа се вознесла на небото и го „предала својот дух во рацете на Спасителот“.
Успение на Пресвета Богородица спаѓа во редот на Богородични празници на кој му претходат двонеделни пости.
Преданието вели дека Мајката Божја живеела 60 години и дека била сведок на многу славни настани во врска со ширењето на верата во Исус Христос. Пресвета Богородица во многу семејства во Србија се слави како семејна слава, а често и е црквена, или слава на цело село.
Затоа сите обичаи во врска со празниците посветени на Мајката Божја се засноваат на почитување на нејзиниот култ, во кој се вклопени верувања и ритуали од народната религија.
Според верувањата, во период помеѓу две Богородици, важно е да ги направите обредите со кои се искажува благодарност на Богородица, заштитници на жена, за раѓање деца, а потоа за родност и плодност на земјата и добитокот.
За пазниците на Голема и Мала Богородица обичај е, посебно жените, да почитуваат голем број забрани, кои се однесуваат на вршење работи во куќата и околу неа.
Значи, на верниците им се препорачува да не извршуваат домашни работи, а ова посебно важи за жените. За празникот Успение на Пресвета Богородица, исто така, не е добро да се работи со раце, или да се започнува нова работа.
Прославувањето на Голема Богородица кај нас ја следеле игранчки на кои луѓето во празнично расположение се собирале поради запознавање и дружење.
На игранките момци и девојки се запознавале, играле оро, а тука најчесто и свадби се договарале.
Пресвета Богородица, според верувањата, е заштитничка на болните, па за Голема Богородица многу болни се воденби на извори со лековита вода да се измијат.
Во минатото се одржувани бдеења во храмовите, или над изворите со вода и тогаш се изговарани молитви за оздравување од коскоболие и очни болести.
Таа е позната и како Дева Марија, Светата Мајка, Мадона, Пресвета Богородица итн. Титулата Богородица значи „Мајка Божја“, и била усвоена на Третиот вселенски собор во Ефес (431 година). Во православието и католицизмот таа е најпочитуваната светица, а во исламот е една од трите совршени жени. Пресвета Богородица е светицата заштитничка на градот Скопје.
Според евангелијата, Марија живеела во Назарет во тогашниот регион Галилеја. На арамејски јазик, нејзиното име се произнесува како Мирјам. Според верувањата таа стапила во брак со Јосиф и се зачнала со Исус на чудесен начин — кога ѝ се јавил архангел Гаврил и ѝ соопштил дека ќе роди син кој ќе биде Цар на царевите. Во сите евангелија Марија се споменува како мајка на Исус, и нејзината улога во евангелијата главно се врти околу таа насока.
Според списите на Новиот завет, еврејската жена Марија живеела во Назарет, во регионот Галилеја со нејзините родители кога се верила со дрводелецот Јосиф (била мала за време на свршувачката како и зачнувањето на Исус). И двајцата потекнувале од родословието на еврејскиот цар Давид. Наскоро потоа ѝ се појавил архангел Гаврил и ја поздравил со зборовите што станале основа на молитвата што се користи до ден-денес меѓу следбениците на Марииниот култ:
„Радувај се благодатна! Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените!“ (Лука 1:28).
Ангелот тогаш ѝ рекол дека ќе стане мајка на ветениот Месија, иако била девица. Марија ѝ се потчинила на Божјата волја со зборовите:
„Еве ја слугинката на Господ, нека ми биде според твојот збор“ (Лука 1:38).