Билјана си ја отвори душата: По пазарите се молам за скапана храна само да однесам дома на децата









Билјана Блажевска од Скопје како млада имала живот од бајките.

Четириесет години била во брак, со Јосиф, човекот на нејзиниот живот. По многу години складен и убав живот, еден ден сè се превртува наопаку. Се разболува поголемиот син и ослепува.

Помалиот син добива тешки срцеви опструкции. Починува сопругот, а како капак на сè, истата година Билјана ја губи и куќата.




Образованието не секогаш е мерило дека добро ќе заработувате и ќе имате среќа во животот. Билјана иако е со вишо образование, млада заминува како технолошки вишок, а денес е со минимална пензија. Во најтешкиот период кога губи сè во животот, таа цели седум години останува и без ниту денар приход. Тогаш започнува агонијата. Се задолжува во банки, се задолжува кај поранешни колеги и пријатели, поради што сè уште ги отплаќа тие долгови и денес.




Билјана свесна дека мора да се бори во животот, за да не им уништи животот на болните синови, собира сила и во населбата 11 октомври прави куќа до карабина, а добрите луѓе и помогнале колку толку да ја оспособи за живот.




Тешкиот живот ја принудил да оди дури и на сегашна возраст, да работи за двесте денари дневница, да помага по пазарите, молејќи се дека некој ќе ѝ даде макар скапан зеленчук или овошје, кои дома ќе го јадат со децата.

„До пред некоја година живеевме без струја и вода. Немав ниту за храна. За да има барем децата да јадат зашто пијат силни лекови, пет дена немав ставено залче храна во устата. Колабирав. Ги молев соседите да ми дадат макар сув леб, не ми дадоа. На лекар кога им кажав дека не јадев само децата да имаат што да јадат, се шокираа.




Се случува да останеме без храна. Одам по пазарите да молам да ми дадат малку скапан зеленчук што никој не го јаде. Ќе го исчистам и тоа го јадеме дома“.

Текстот во целот е преземен од Приказна.мк, за да го прочитате цел, кликнете ТУКА.

error: Content is protected !!