Ја претепал неговата мајка и девојка, а потоа се разнел со бомба: Ужас во Вршац, раскрвавени глави













Страшна трагедија.

Здрав човек вакво нешто нема да направи.




47-годишен жител на Србија се разнесе со бомба утринава во Вршац, Србија, откако претходно ја претепал неговата мајка и девојка, кои според српскиот портал Нова.рс, се здобиле со тешки повреди.




Соседите на Гордана и Драгица П, ќерка и мајка во чија куќа Душан С.(47) во раните утрински часови активирал рачна бомба и починал од повредите на лице место, велат дека слушнале експлозија и прво помислиле дека е судир. Кога излегле надвор ги виделе Гордана и Драгица со раскрвавени глави.




На експлозијата ѝ претходела жестока расправија при што Душан С. се качил на првиот кат од куќата и ја активирал бомбата.




„Ја слушнав Гордана како вика помош и полиција. Потоа се слушна тресок и сите излеговме на улица“, рече една вознемирена сосетка која објаснува дека никогаш порано не слушнала расправии во оваа куќа.

error: Content is protected !!