ВИДЕО: Постара жена му удрила шлаканица на стјуард – следувал вистински хаос, патниците во шок

На социјалните мрежи се шири снимка од инцидентот што се случи за време на летот меѓу Манчестер и Родос, кога жена му удри шлаканица на стјуард затоа што наводно сакала да и земе џин и тоник.

Екипажот на авионот дури морал да слета во Германија за да ја извлече разбеснетата жена.

Како што објави Сан, постарата жена наводно била фрустрирана откако не и донеле „бесплатен шампањ“. Потоа нарачала џин и тоник кој стјуардот и го земала бидејќи продолжила да биде агресивна.

Снимката од авионот го сними точниот момент кога жена удира шлаканица на стјуардот предизвикувајќи бес кај останатите патници.

Еден од патниците тврди дека жената уринирала на нејзиното седиште пред полицијата да ја однесе.

– Жената на летот постојано барала од стјуардесите бесплатно шампањско. Стјуардесата и кажала на жената дека тоа не е дел од услугата и таа на крајот купила џин и тоник.

Почнала да биде агресивна, па стјуардот и го одзел пијалокот. Почнала да пцуе и да има насилни испади. Во еден момент таа стана и се обиде да ја отвори вратата од кабината на лет. Во тој момент седела со двајца патници кои се обидувале да ја задржат додека удирала луѓе – тврди патник од летот.

Совети од стујардеса – Што никогаш да не користите во авион

“Не пијте вода или која било друга течност ако не е во лименка или затворено пластично шише” е еден од советите кои ги сподели стујардесата Kat Kamalani во видео на TikTok.

Таа сподели информации кои не ги знаат патниците:

Правило број еден – никогаш не конзумирајте вода или друга течност која не е во лименка или во затворено пластично шише, бидејќи резервоарите во кои се чува водата во авионот никогаш не се чистат (освен ако се расипат). Им даде совет на родителите кои патуваат со мали деца никогаш да не бараат од стујардеса да им го наполни бебешкото шишенце со вода, туку да побараат да им донесе вода во затворено пластично шише, па од него да претурат вода во шишето за детето.

Со ова нејзино тврдење за лошиот квалитет на водата за пиење во авионите се поклопило и истражувањето спроведено од страна на Hunter College NYC i DietDetective.com кои анализирале квалитет на водата во 23 авиокомпании. Според истражувањето кое се бодувало од 5 (најдобра вода) до 0 (најлоша вода) , просечен резултат бил 3 – релативно циста вода за пиење. Од 10 авиокомпании, 7 авиокомпании добиле оцена помала од 3. Квалитетот на водата се разликува во зависност од авиокомпанијата.

Американската влада во 2011 година вовела правило за пијалоците во авионите (ADWR) според кое треба да се тестираат залихите на вода од штетни бактерии, а резервоарите за вода треба најмалку 4 пати годишно да се дезинфицираат.

Стујардеса со 65 години работен стаж, влезе во Гинисова книга на рекорди

Бет Неш од Бостон, САД, го собори рекордот како професионална стјуардеса со најдолг стаж во светот, потврди Гинисовата книга на рекорди. Таа тоа го работи 65 години.

Имено, Американката почнала да работи како стјуардеса во 1957, кога имала 21 година, прво за компанијата „Истерн ерлајнс“, а потоа и за „Американ ерлајнс“, до денес без никаков прекин во работниот однос. Гинисовата книга го потврди светскиот рекорд на 1 јули.

Неш вели дека поголемиот дел од својата кариера го минала на патувања Њујорк-Бостон-Вашингтон, бидејќи тоа ѝ овозможува да се врати дома навреме, оти мора и да се грижи за својот син со попреченост.

Инаку, таа смета дека оваа работа значително се променила со текот на годините.

– Порано мораше да бидеш толку и толку висока, требаше да имаш одредена тежина… Порано беше ужасно. Добиваш неколку килограми и мораш почесто да се мериш, а ако останеш таква, ти ја намалуваат платата, раскажува таа за „Даблју-џеј-ел-еј“.

На 86 години, таа официјално е и највозрасната стјуардеса според „Гинис“.

error: Content is protected !!