Бруцошка од Скопје: Ме изненадија момчињата од провинција, не верував дека се толку кул и финансиски моќни









Бруцошка од Скопје: Ме изненадија машките од провинција, не верував дека се толку кул

Речиси после две години поминати во онлајн настава, студентите и учениците се вратија меѓу своите колеги односно соученици. Тие сега наставата ја следат со физичко присуство.




Иако се погласни се најавите дека наскоро, поради енергетската криза, можеби повторно се ќе се пресели онлајн, до тој момент, младите остануваат да се дружат заеднички.

Сепак, овој месец на многу студенти всушност им покажа што вистински значи да се биде студент, а сето тоа дополнително им овозможи да имаат и други размислувања за одредени работи во животот.




Студентка од Скопје, која е прва година на факултет, се одлучи храбро да раскаже како и минуваат почетните 3 седмици од предавањата и какво искуство доживеала.

-Јас сум бруцошка од Скопје. Се запишав на економскиот факултет на УКИМ, каде буквално за неколку недели добив многу животни искуства. Сега размислувам сосема поинаку за одредени работи.




Пред да почнеме со наставата, со другарките од средно пиевме кафе и зборувавме за тоа што може да очекуваме. Повеќето од нив, а секако и јас, имавме ниско размислување за оние кои ќе дојдат од други градови, особено помалите места, па им се смеевме иако не ги знаевме.

Момчињата од провинција ги замислував како прости луѓе без пари и некои што немаат харизма во себе. Но, само после неколку денови на факултет, го променив својот став.




Искрена да бидам, секогаш после предавање одиме на кафе, а иако дел од нас, од Скопје пиеме само кафе, тие секогаш пијат и сокче, иако тоа е двојно поскапо.

На едно од тие кафиња, договоривме и средба во кафана, нормално јас им предложив „Дебар маало“, таму има супер журка, па иако е поскапо, никој не одби и и сите рекоа дека ќе дојдат.




Ние што сме од Скопје си имаме и посебен чет, а во последен момент дел од машките колеги откажаа таму, наводно дека им излегла друга работа.

Студентите од провинцијата пак дојдоа, сите беа облечени елегантно, кондури и кошула, или пак нешто спортски, ама сосема океј, што ме остави без збор.




Иако требаше да бидеме околу 15 студенти, во кафана дојдовме само 8, од кои 4 девојчиња од Скопје, едно девојче од провинција и 3 момчиња од провинција.

Се забавувавме максимално, а искрена да бидам, воопшто не се штедевме на порачките, па на масата буквално имаше од пиле млеко, алкохол, јадење и се што посакавме.




Кога веќе заврши забавата и порачавме сметка, две од моите другарки од Скопје „итно“ заминаа во ве-це, не сфаќам зошто токму кога ја носат сметката, тие тргнаа натаму, ама нејсе.

Во шок останав кога сметката ја оставија на маса, а момчињата од провинција брза кој да ја земе, само ја видоа сумата, извадија пари и сите тројца заеднички ја платија.




Едноставно не знаев што да направам, сакав да земам и да оставам пари, но тие рекоа дека овојпат честат. Кога се вратија моите другарки од ве-це, воопшто и не прашаа колку пари треба да остават, па само брзо излеговме надвор.

На 6-7 минути од кафаната, тие беа со своите автомобили. Можеби не луксузни, но сосема во ред. Па искрено, колегите од Скопје, машките, оние од прва година на факултет и немаат автомобили, одиме секогаш со автобус или такси.




Се качивме со нив, од каде заминавме на диско. И таму пиевме и се забавувавме до рано утрината. Кога требаше да си одиме, јас сакав да повикам такси, но моите другарки ми рекоа, кога веќе има кој да не вози, зошто да плаќаме.

Една од колешките од Скопје тој викенд беше сама дома, по што и текна дека може да одиме и кај неа да пиеме, а потоа и да спиеме. Сите осумина од дискотеката заминавме кај неа.




Потоа имаше буквално се, една убава вечер која ќе ја паметам до крајот на животот.

Едно можам да кажам, жалам што сум ги осудувала машките од провинција, сепак тие се вистински мажи и џентламени.

error: Content is protected !!