Ќе дозволи ли Владата колапс на единствениот градски сообраќај? Град Скопје потенцираше дека власта должи 2 милиони евра кон ЈСП. Претпријатието се пожали дека не може да ги сервисира трошоците, бидејќи власта не си платила за услугата.
Градоначалничката Арсовска порача, одговорност да се бара кај тие кои го саботирале процесот. Најави дека утре пред Влада ќе бидатр паркирани автобусите на ЈСП.
Приватните превозници децидни, не ги интересира кој на кого должи бараат да им се плати долгот од околу 1 милион евра. Од „Слобода превоз“ велат дека доколку запрат автобусите со работа ќе запре и целиот град со функционирање.
Од претпријатието „ Макескпрес“ велат дека долговите се наталожиле и бараат да им се исплати. Потенцираат дека поради наталожените долгови изминативе неколку недели работеле со редуцирани линии меѓу кои 19 и 20.
Покрај протестот кој го најави Арсовска, утре на протест излегуваат и трите синдикати со своите членови пред ЈСП поради неисплатени плати. Велат дека се подготвуваат и за штрајк доколку не ги добијат платите.
Според превозниците, ако се дозволи да прекине јавниот превоз со тоа ќе се доведе во колапс целосното функционирање на градот, од превозот зависат ученици, студенти, вработени но и целокупното население во Град Скопје.