Граѓаните во паника: Матичните лекари потврдија – ќе има штрајк, познато КОИ ДЕНОВИ
Матичните лекари најавија штрајк поради неисполнување на нивните барања.
Тие нема да издаваат упати и рецепти на 5, 6 и 7 септември. Како што најавија, со протест на работните места ќе го искажат револтот од неисполнување на нивните неколкумесечни барања.
Ваква одлука донесе денеска Управниот одбор на Здружението на приватни лекари, оставајќи им неколку денови на здравствените власти и премиерот, примарното здравство да биде прва точка на владина седница со конкретни решенија.
Правото за избор на лекар е лично право на осигуреникот и во негово име тоа никој не може да направи избор. Исклучок од ова претставуваат малолетните деца до 14 годишна возраст и неспособните лица, за кои изборот на лекар го вршат нивните родители, односно старатели.
Изборот на матичен лекар од страна на осигуреникот се врши на следниов начин:
Осигуреното лице врши избор на лекар во приватната здравствена установа каде сака да се лекува, доколку нема претходно избран лекар со ИЛ-1 образец пријава.
Доколку осигуреното лице сака да изврши промена на избраниот лекар, здравствената установа каде осигуреникот има претходно избран лекар,за осигуреникот пополнува ИЛ-1 образец одјава. Со ова пациентот се одјавил од избраниот лекар. Едниот примерок од ИЛ-1 образец одјавата осигуреникот ја носи во приватната здравствена установа каде сака да направи нов избор на лекар и за него се пополнува ИЛ-1 образец пријава. На ИЛ-1 образецот одјава односно нов ИЛ-1 образец пријава докторот задолжително го става својот факсимил на ИЛ-1 образецот и осигуреното лице својот потпис.
Доколку осигуреното лице има претходно избран лекар но од било кои причини не може да земе ИЛ-1 образец одјава од претходно избраниот лекар, осигуреното лице тоа го прави во соодветната подрачна служба на Фондот каде пополнува Изјава за промена на избран лекар, заедно со приложена фотокопија од лична карта.
Осигуреното лице во Подрачната служба може да прави само одјава на избран лекар или одјава од претходен избран лекар и во исто време да направи и пријава на нов избран лекар со приложување на нов ИЛ образец.
Од Фондот објаснуваат дека избраниот лекар може да наплати 100 денари по посета за укажана здравствена услуга во домашни услови, по препорака на лекар специјалист. Избраниот лекар може да наплати и за апликација на ампуларна терапија во здравствената установа или при домашна посета, односно само за ампула, шприц и игла
Здравствените услуги што луѓето ги добиваат кај матичниот лекар не се наплатуваат, велат од Фондот за здравствено осигурување. Оттаму објаснуваат дека сите прегледи, препишување лекови, издавање специјалистички и лабораториски упати матичниот лекар ги врши без да наплатува партиципација.
– Во примарната здравствена заштита на секое осигурено лице му е дадена можност да користи право на: лекување во ординација, односно во домот на осигуреното лице, здравствени услуги за утврдување, следење на здравствената состојба заради спречување, сузбивање и рано откривање болести, укажување итна медицинска помош, испитувања заради дијагностицирање и лекување според медицина базирана на докази, лекови на рецепт од Листата на лекови, кога е тоа потребно за заштита на здравјето на осигуреното лице – велат од Фондот за здравство.
Избраниот лекар, согласно дозволата за работа издадена од министерот за здравство и договорот склучен со Фондот, може да дава здравствени услуги и надвор од здравствената установа, само кога треба да спроведе домашно лекување по препорака на лекар специјалист или домашна посета.
Од Фондот објаснуваат дека избраниот лекар може да наплати 100 денари по посета за укажана здравствена услуга во домашни услови, по препорака на лекар специјалист.
– Избраниот лекар може да наплати и за апликација на ампуларна терапија во здравствената установа или при домашна посета, односно само за ампула, шприц и игла – велат од Фондот за здравствено осигурување и додаваат дека најчесто за овие услуги матичните лекари не наплатуваат бидејќи сумата за партиципација е мала.
Според договорот со Фондот, избраните лекари добиваат надоместок или капитација за здравствените услуги.
– Надоместокот за здравствените услуги или капитација што ја добива избраниот лекар од Фондот за здравствено осигурување се определува според бројот и структурата на осигурените лица што го избрале лекарот, според пол и возраст, превентивни мерки и активности што треба да се постигнат од извршената работа од избраниот лекар и дополнителните стимули за обезбедени здравствени услуги на осигурените лица во руралните подрачја. Плаќањето на обезбедените здравствени услуги на здравствената установа за избраниот лекар се врши според бројот на осигурени лица што го избрале лекарот помножен со соодветниот број на поени по возрасни групи и вредноста на поенот за капитација – објаснуваат од Фондот за здравствено осигурување.
Со Правилникот за начин на плаќање на здравствени услуги во примарна здравствена заштита, регулирано е дека во подрачјата каде што домашното лекување го врши избраниот лекар од тоа подрачје, по налог на лекар специјалист, извршените услуги ги обезбедува Фондот и се надоместуваат врз основа на фактура доставена од здравствената установа на избраниот лекар согласно Ценовникот за здравствени услуги.
Согласно Законот за здравствено осигурување, задолжително здравствено осигурување се установува за сите граѓани на земјава заради обезбедување здравствени услуги врз начелата на сеопфатност, солидарност, еднаквост и ефективно користење на средствата под услови утврдени со законот.