Страшна вест го потресе Балканот.
Најнова вест, после која многумина се во тотален шок.
Младиот фудбалер Никола Медан почина на 25 години.
Никола Медан, поранешен фудбалер на Леотар и Сутјеска од Фоча, почина вчера на 25-годишна возраст, потврди клубот од Требиње на својата официјална веб-страница.
Тажната вест ја потврдија и од неговиот матичен клуб Леотар од Требиње.
„Сите во клубот не’ шокираше ненадејната смрт на нашиот Никола и тешко наоѓаме зборови во овие моменти. Првите фудбалски чекори ги направи во нашата школа и преку помладите категории се истакна со бројни голови и награди за најдобар стрелец и играч. За првиот тим на нашиот клуб во периодот од 2015 до 2021 година одигра 103 натпревари во првентството. Постигна 22 гола, а во сезоната кога нашиот клуб го освои последниот трофеј Куп на Република Српска, Никола беше најдобар стрелец“, напишаа од клубот Леотар.
Медан одиграл 103 лигашки натпревари за првиот тим на Леотар во периодот од 2015 до 2021 година.