Даниел пред две години се одсели во Германија со неговата сопруга а од минатата година,работи во еден трговски центар.
Своето искуство го сподели на фејсбук, во кое воедно и ги критикува своите сограѓани,кажувајќи дека го нервираат староседелци кои долго живеат во Германија и се жалат кога ќе дојдат во Македонија.
“Она што најмногу ме нервира-Овде луѓето живеат живот,имаат свои обврски плаќаат сметки итн.Често ќе слушнете било кој балканец кога ќе се врати како збори дека многу се работи,премногу се работи,кожата ни ја дерат! Викаат дека имаат стан за плаќање, две деца, школо, облека, автомобил, осигурување може и по некој кредит.
Обично тука се има по некој Fiat или Panda која се вози за пазарење и до работа и назад, а мора да се има и некое Audi или BMW за родниот крај, да се знае дека се вози машинерија.
И после им се жалиш дека е тешко. Што е тешко? Зошто се жалиш?
Имаш овде стан, вода, струја, кредит за кола, интернет, зезанции, сакаш да имаш годишен, да идеш на море. Се тоа го имаш, и твоите трошоци се доста високи.
Но стави ги на страна трошоците и согледај колку примања имаш? Имаш сето тоа да го покриеш и плус да имаш некој свој мини луксуз.
Нас овде не ни ја дерат кожата! Ми викаа дека ќе бидам заробен,дека ќе идам од работа во кревет и обратно,но не е така.
Ако сакаш нормален живот, ќе си најдеш работа која тебе ти одговара и ќе скроиш убав скромен живот. Ако сакаш куќи и палати и луксузи триста, тогаш имај две работи, направи ѕид околу тебе и помини го целиот живот работејќи за нешто во кое нема да уживаш!
Секој што ќе дојде тука со желба за работа, може и МОРА да успее!