Весна: Се молам Бугарија да прекине со издавање пасоши – секакви сељаци од Македонија дојдоа горе









Весна: Се молам Бугарија да прекине со издавање пасоши – секакви сељаци дојдоа горе

Весна е Македонка која пред повеќе од 15 години доби бугарски пасош.

Со него, иако не сакала, заминала во странство, каде работела се и сешто, за да им овозможи на своите дечиња убав живот.




Таа за нашиот медиум раскажа свој став од моменталната состојба.

-Нешто повеќе од 15 години сум горе, во државите кои нудат шанса за секој работник. Бев во Италија, Швајцарија, мал период и во Германија, а сега повторно сум во Швајцарија.

Тука живеам со мојот сопруг и моите две деца, кои веќе имаа 17 односно 18 години. Не беше лесно, кога беа многу мали, сама да тргнам во белиот свет и да барам шанса да успеам.




Мојот сопруг после тоа доаѓаше, но беше и во Македонија, затоа што колку толку имаше работа. Сепак, пред 7 години и тој напушти и дојде заедно со мене, тогаш во Германија, а потоа заедно се преселивме во Швајцарија.

Конечно и моите дечиња дојдоа во Швајцарија пред 4 години, не им беше лесно, затоа што ја сакаа и Македонија, но и јас ја сакам, но никогаш не би се вратила, затоа што тука заработувам солидно и својата иднина ја гледам тука.




Во последните неколку години, можам да забележам еден, за мене многу лош момент, а тоа е што многу Македонци добија бугарски пасоши, па со истите доаѓаат овде.

Покрај тоа што се огромна конкуренција и работат за ситни пари, тие се и поинаку, да не кажам чудно воспитани. Имаат некои необични навики и ќе признаам, тоа мене многу ми пречи.




Во овој период, морам да кажам дека има многу сељаци кои пристигнаа во Швајцарија. Па поради нив, сите ние кои сме Македонци сме гледани со поинакви очи, како луѓе од ниска класа и со потценување.




Се молам Бугарија да прекине со таа постапка и повеќе да не им дава пасоши на сите. Едноставно ми се гади од некои личности кои како најголеми простаци ни ја срамат нацијата овде горе.

error: Content is protected !!