Мажот, жената и лебот – без разлика дали сте или не сте во брак, ова секако треба да го прочитате
Жената печела леб секое утро, тоа била нејзина традиција.
Исекла две парчиња леб и двете ги премачкала со путер. Како и секогаш, ја одделила кората од средината за да му ја даде средината на сопругот а да ја остави кората за себе, но за момент запрела.
Помислила: „Денес, коа славиме 30 години од брак, јас за појадок сакам да ја изедам средината од парчето леб. Сонувам за неа цело време.
Бев примерна жена 30 години и ги одгледав нашите синови да бидат добри луѓе. Вложив толку нешта за доброто на нашето семејство!“
Одлучила на сопругот да му ја даде кората, но раката и затреперила бидејќи ја прекинува традицијата долга 30 години.
Мажот го прифатил лебот и ѝ рекол: „Денес ми даде преубав поклон, драга. Цели 30 години немам јадено кора од леб за појадок, која многу ја сакам, бидејќи сепак е праведно и ти да го добиеш она што најмноу го сакаш! Ти благодарам!“
ЛЕБ – кратки информации
Лебот е дел од основните состојки во исхраната. Тој се подготвува со печење, парење или пржење на тесто кое претежно се состои од брашно и вода. Солта најчесто е потребна, а често се користи и квасец. Некои видови леб содржат и зачини и зрна како сусам и мак кои можат да се користат и за декорација.
Лебот може да се јаде сам,намачкан со путер, путер од кикиритки, маргарин, или сладок намаз како џем, желе, мармалад, мед, или пак се користи како дел од сендвичи. Може да биде само печен или дополнително печен на тостер и може да се сервира на секаква температура и на секое место.
Лебот се јавува како тема во дела од уметноста и популарната култура, како:
„Леб“ – песна на македонската поетеса Николина Андова од 2013 година.
„Песна за лебот и за водата“ — песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1967 година.
„Леб, хашиш и месечината“ – песна на сирискиот поет Низар Кабани.
„Леб“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.
„Леб и вино“ – песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.
„Леб“ – песна на рускиот писател Борис Пастернак.
„Леб и страв“ (српски: Hleb i strah) – кус роман на српскиот писател Милисав Савиќ од 1991 година.
„Леб и сол“ – македонска рок-група.
Житата (житарки) — едногодишни растенија од семејството треви (лат. Gramineae). Нивните зрнести плодови се користат во човековата исхрана, прехранбената индустрија, а сеното за добиточна исхрана и постилка.
Житото како тема во уметноста и во популарната култура
„Полиња жито, ридишта крв“ – книга на писателката Анастасија Каракасиду.
„Покровителoт на житото“ (српски: Покровитељ жита) – песна на српскиот поет Васко Попа.
„Поле со жито“ – песна на македонскиот поет Наум Целакоски од 1997 година.
„Црвеното класје“ (српски: Црвено класје) – југословенски филм од 1970 година, во режија на Живоин Павловиќ.
„Поздрав на младата житарица“ (српски: Pozdrav Mladoj Žitarici) – песна на српската рок-група „Дисциплина кичме“ од 1986 година.