Продавачка во маркет: Аман од некултурни муштерии – чекаат и кусур од 1 денар









Продавачка во маркет: Аман – Знам дека е криза, ама чекаат и кусур од 1 денар

Кризата во Македонија се повеќе се чувствува. Енергетската криза во цел свет и тоа како пристигна на вратите на граѓаните во нашата држава.




Она што се најавуваше, започнува да се чувствува од ден во ден се повеќе. Ќе имаме тешка зима, тоа го знаат сите, па затоа веројатно се штеди и цени буквално секој денар.

Продавачка на маркет во Македонија, сето ова вели дека не може да го сфати односно начинот на кој граѓаните го чекаат кусурот, но и многу други работи.




Во продолжение прочитајте го нејзиниот став:

Она што се случува во маркетите во последните два месеци, можам да кажам дека никогаш досега ниту сум го видела, ниту сум мислела дека ќе го видам и доживеам.

Пред некој ден, буквално ми прели чашата, поради што и се искарав со еден муштерија, а за тоа не се каам, иако нели правилата на сите маркети се дека клиентот е во право, дури и кога греши.




Секој ден на каса доаѓаат луѓе со различни продукти, а кога ќе ја видат цената, потоа ги враќаат. А зошто го прават тоа, не можам да сфатам. Па на секој од рафтовите добро ја има цената, никој не ги лаже, ама затоа на каса веднаш го оставаат.

Потоа јас морам да одам и да го вратам назад, па така прави веќе секој втор купувач. Се претерува!




Се почесто има и граѓани кои земаат нешто под 100 денари, но ако сметката е 61 денар или 71 или 72 денари, тогаш ме прашуваат дали може подоцна да донесат денар или два, па како може така, зарем не е срамота?

Јас сум тука само за работа, си работам чесно за секој денар, а тие ми прават притисок и дополнително ме притискаат.




Дома често одам нервозна токму од работа. Зарем моите дома треба да бидат нерасположени од мене, затоа што купувачите се повеќе се дрски и некултурни.

Она што ми се случи пред некој ден, дефинитивно ја прели чашата. Веќе нема да молчам на никого.




Доаѓа еден купувач и неговата сметка беше 3.989 денари. Да, добро прочитавте, висока сметка во вредност од 3.989 денари. И тогаш доаѓа момент, која јас му враќам кусур на господинот.

Му вратив 10 денари, наместо 11, колку што требаше, затоа што во моментот немав еден денар. Му понудив да земе доколку сака бонбона, но тој одби и рече дека си ги сака неговите пари.




ЕДЕН ДЕНАР, замислете, човекот од мене бараше еден денар.

Не му молчев, откако ја одби бонбоната, буквално експлодирав. Почнав хистерично да викам, иако во маркетот имаше и други муштерии. Воопшто не ми беше важно, но бев одлучна да не му го дадам тој денар.




Откако останатите видеа дека и човекот нема да си замине без денар, човек кој исто така чекаше на ред, извади еден денар и му го даде.

Аман и од криза и од луѓе и од сите. Какво време дојде, за 1 денар да се чека и да се прави галама. Каде отиде светот…

error: Content is protected !!