Македонецот Ѓоко открива: Живеам на село, немав жена – конечно ќе признаам дека сум геј









Ѓоко открива: Живеам на село, немав жена – конечно ќе признаам дека сум геј

Животот многупати знае да биде чуден, несфатлив и да донесе предизвици кои не ги очекуваме. Тоа го снајде и Ѓоко, кој има 62 години и се одлучи да ја раскаже својата приказна.




Тој живее во едно македонско село, каде повеќето од луѓето имаат сопруги, но не и тој, што можеби веќе остава простор и некои претпоставуваат дека е геј.

Најпрво сакаме да известиме дека Ѓоко не е вистинското име на човекот кој ја даде изјавата, а освен неговото име, тој сакаше да остане во тајна и градот односно селото во кое живее. Притоа разговорот беше направен по телефон, а при што тој го побара нашиот новинар од „скриен број“ и ги раскажа деталите.




-Конечно на свои 62 години се одлучив да ја раскажам својата животна судбина. Некои ќе кажат доцна, но јас конечно за прв пат собрав храброст да кажам многу за мојот тежок живот.

Ќе започнам од почеток, ќе раскажам се што сметам дека треба јавноста да знае.




Јас сум еден од оние чичковци или вујковци кои никогаш во животот не се ожениле. Имам сестра и внука од неа, со кои многу добро се согласувам. Не знам, но мислам ниту тие никогаш не се посомневале во нешто. Иако во селото може да се зборува било што, за мене, дека сум геј, никој никогаш не прозборел.

Првите проблеми со мојата ориентираност ги добив на 16 години. Многу го сакам фудбалот, сите машки во тој период гледавме фудбал. Сепак, во доцните часови, започнуваа муабети од типот кој со која девојка се гледа.




На почетокот не беше страшно, но потоа од дружината еден по еден раскажуваа како ја загубиле својата невиност. Кон мене секогаш имаше прашања од типот: Која девојка ти се допаѓа и слично

Во тој момент не знаев што ми се случува, но немав ниту една привлечна девојка. Најпрво мислев да излажам дека сум имал односи со некоја, но потоа се ќе се дознаеше и скапо ќе го платев тоа.




Се одлучив и признавам дека имав односи со девојка, само за да им кажам на другарите. Бев среќен што конечно го тргнав од себе тој проблем.

Последен пат однос со жена имав на 23 години. А, сега за жал доаѓа и најтажниот дел од приказната. За прв пат односи со маж имав дури три децении подоцна или на 53 години.




Да, дури на 53 години. Во меѓувреме осеќав јад, беда, ми беше многу тешко. Тие години само јас знам како ги издржав.

Сега веќе имам 62 години, не знам што ми носи животот, но уживам во секој ден од него. Не знам дали е паметно што го открив ова, сега и во моето село сигурно ќе се прашуваат кој е тој, но имам добро алиби, па мислам дека нема да дознаат кој сум јас.

error: Content is protected !!