Славески жали: Многу ми е криво што ги натерав Скопјани да гласаат за Данела









Ќе биде тешко но мислам дека под овој притисок и незадоволство, од оваа лавина, градоначалниката нема да издржи до крајот на својот мандат, прогнозира Славески.




Несогласувањето со градоначалничката Арсовска започна со смена со двајца директори од нејзина страна кое не беше направено во договор со коалицијата што ја поддржа и овозможи мандат на чело на Скопје, објаснува Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје.




– Се започна оттаму, дотогаш немавме слушнато за проблеми во јавните претпријатија се додека не видовме штрајк на ЈСП и дека не можат да исплатат плата.Немаше навестување, извештаите за јавните претпријатија не се стигнати за советниците да имаат некој сигнал дека има некои потешкотии во работењето. По ова Арсовска реши целосно да премине во напад на ВМРО-ДПМНЕ и на претсседателот и да се откаже од мнозинството во Советот кое и овозможуваше комоција да добива поддршка – вели Славески во интервју за „Република“ и „Пресинг ТВ“.




Славески потврдува дека бил во право кога бил против тоа ВМРО-ДПМНЕ да застане зад кандиддатурата на Арсовска за градоначалник на Скопје.

– Јас изразувам жалење во свое име што за време на кампањата повикував да се гласа за кандидатот за градоначалник на Град Скопје. Ја користам оваа прилика лично да се извинам што и јас што за покрај за советниците од ВМРО-ДПМНЕ ги повикував граѓаните да гласаат и за Данела Арсовска. Мислам дека сме направиле крупна грешка со тоа – рече тој.




Претседателот на Советот и за рекцијата на Седницата на Советот кога и го зеде микрофонот на градоначалничката Арсовска.

– Градоначалничката направи скандал со тоа што без знаење на претседателот на Советот дошло до промена на опремата на говорницата. Претседателот на Советот затоа што е задолжен за редот во салата и за редоследот на говорници да располага со еден интрумент да може да го исклучи микофонот на било кој говорник. Проемената е направена на своја рака. Почна седницата и јас не можев да ја контролирам. Чашата се прели кога прво излезе новиот заменик градоначалник и потоа градоначалничката кои ликуваа. Потоа јас реков дека има и друг начин и станав и го земав нелегално поставениот микрофон – објаснува тој.




Славески како разочарувачка ја оценува првата година од мандатот на Арсовска.

– Незадоволително, разочарувачки и тоа е една од причините зошто ние ја повлековме поддршката. Таа премина во некои ниски напади на партијата, на претседателот Мицкоски, на мене лично…. – реле Славевски.




Тој смета дека ќе биде тешко ако Арсовска уште три години биде на чело на Скопје.

– Ќе биде тешко но мислам дека под овој притисок и незадоволство, од оваа лавина, градоначалниката нема да издржи до крајот на својот мандат – прогнозира Славески.

error: Content is protected !!