Голем хаос во Скопје: Дојава за 5 бомби во 5 различни училиште – ова се деталите

Фото: Петар / Дојче Веле








Најнова и вонредна вест.

Сите се во шок во Скопје.




Врие од полиција пред овие училишта.

Се е под контрола. Се пребаруваат посебно сите простории.




Пет училишта во Скопје денеска преку мејл адреси добиле закани дека во нивните објекти е поставена бомба.




Дојавите, како што потврдија за МИА од МВР, се доставени до СВР-Скопје и веднаш до добиените пријави се евакуирани учениците и вработените.




По добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведуваат од МВР.




Според извори на МИА едно од училиштата е СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, а неофицијално станува збор и за гимназиите „Орце Николов“, „Никола Карев“ и „Јосип Броз Тито“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“.

error: Content is protected !!