Токму на празникот: Трагедија кај манастирот „Св.Богородица“ – Почина возрасен маж

Голема трагедија на денешниот празник Света Богородица.

Пред малку истата беше потврдена од МВР.

МВР информира дека утрово во 05:30 часот во СВР Штип е пријавено дека на патот од с.Чифлик кон манастир „Св.Богородица“ моторцикл „томос“, управуван од Б.С.(67) од с.Чифлик, кочанско излетал надвор од патот.

„Во несреќата на место на настанот починал Б.С. Од екипа од итна медицинска помош констатирана е смрт“, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кочани.

Повеќе за празникот

Марија, попозната како Богородица или Богородица Марија според верувањата на христијаните — мајка на Исус Христос и сопруга на Јосиф. Таа е позната и како Дева Марија, Светата Мајка, Мадона, Пресвета Богородица итн. Титулата Богородица значи „Мајка Божја“, и била усвоена на Третиот вселенски собор во Ефес (431 година). Во православието и католицизмот таа е најпочитуваната светица, а во исламот е една од трите совршени жени. Пресвета Богородица е светицата заштитничка на градот Скопје.

Според евангелијата, Марија живеела во Назарет во тогашниот регион Галилеја. На арамејски јазик, нејзиното име се произнесува како Мирјам. Според верувањата таа стапила во брак со Јосиф и се зачнала со Исус на чудесен начин — кога ѝ се јавил архангел Гаврил и ѝ соопштил дека ќе роди син кој ќе биде Цар на царевите. Во сите евангелија Марија се споменува како мајка на Исус, и нејзината улога во евангелијата главно се врти околу таа насока.

Според списите на Новиот завет, еврејската жена Марија живеела во Назарет, во регионот Галилеја со нејзините родители кога се верила со дрводелецот Јосиф (била мала за време на свршувачката како и зачнувањето на Исус). И двајцата потекнувале од родословието на еврејскиот цар Давид. Наскоро потоа ѝ се појавил архангел Гаврил и ја поздравил со зборовите што станале основа на молитвата што се користи до ден-денес меѓу следбениците на Марииниот култ:

Последователно, Марија тргнала на долг пат да ја посети својата бремена роднина Елизавета, која живеела со нејзиниот сопруг Захарија. Само што влегла во нивната куќа, веднаш ја поздравила Елизавета, која ѝ оддала почит како мајка на нејзиниот Господ, а Марија одговорила со пофалби на Господ познати како Магнификат. (Лука 1:46–55) По три месеци, Марија се вратила дома во Назарет. Ангел му се јавил на нејзиниот вереник Јосиф во сон, кој му рекол дека „она што е зачнато во неа е од Светиот Дух“ (Матеј 1:20). Иако била бремена, Јосиф ја зел со себе и тие направиле свадбена церемонија.

Во тоа време, римскиот император Октавијан Август наредил да се спроведе попис на луѓето ширум светот — всушност мислел на светот со кој управувало Римското Царство. Секој морал да се потпише во градот од каде потекнува нивните предци. Затоа Јосиф и бремената Марија отишле да се запишат во Витлеем, кој бил наречен „Давидов град“. Тие не нашле сместување во градската гостилница бидејќи градот бил преполн со луѓе и затоа биле принудени да се засолнат во штала, опкружени со домашни животни. Таму Марија го родила нејзиниот син Исус Христос. (Лука 2:1–7). Наскоро по раѓањето, таа морала да побегне со него и Јосиф во Египет, бидејќи во сон, еден ангел му рекол на Јосиф дека царот Ирод Велики ќе се обиде да го убие Исус. Тие останале во Египет сè до смртта на Ирод и потоа се вратиле во Назарет (Матеј 2:13–23).

Во евангелијата, Марија се појавува спорадично на Исус и на неговата јавна служба. Таа го иницирала првото чудо што Исус го направил на една свадба во градот Кана, Галилејско, кога ја претворил водата во вино (Јован 2:1–11). Заедно со другите апостоли (освен Јуда — оној што го предал Исус), таа плачела под крстот на кој бил распнат нејзиниот син Исус (Јован 19:25–27). Но, исто така е можно негативно да ѝ се протолкувале зборовите на Исус: „Која е мајка ми и кои се моите браќа?“ Потекнува од описот на очекувањето на ветениот Свети Дух среде апостолите, учениците на Исус ,и нивните браќа, додека заедно се молеле по Вознесувањето на Исус (Дела 1:14). Новиот завет не ја запишува смртта на Марија или нејзиното Вознесение.

Во Новиот завет за раниот живот на Марија има многу малку. Во Библијата не се споменуваат имињата на нејзините родители. Според други извори, традиции и верувања, се знае дека родителите на Марија се викале Јоаким и Ана, кои припаѓале на лозата на цар Давид. Тие долго време немале деца, додека Бог не ги чул молитвите и им подарил ќерка. Според верувањата, Бог го одредил името на ќерката да се вика Марија, да биде Богородица и дека Марија од првиот момент на нејзиното постоење била ослободена од нејзините гревови, бидејќи од Бог добила посебна милост. Во третата година од нејзиниот живот, нејзините родители ја одвеле во Ерусалимскиот храм, за да ја посветат на Бог. Таа останала да живее во Храмот, каде била обучувана и воспитувана додека не навршила полнолетство.

Марија била роднина со Елисавета, сопруга на јудејскиот свештеник Захарија. (Лука 1:5) Таа (Елисавета) го родила Јован Крстител. Марија живеела со своите родители во Назарет во Галилеја. Се запознала со Јосиф од Назарет, кој бил од лозата на царот Давид, но бил скромен дрводелец. Тие биле венчани, и во текот на првите години од бракот, Марија сакала да остане девица и понатаму, а Јосиф тоа го прифатил. Пред свадбата тие живееле одвоено, и во тоа време Бог го испратил aрхангелот Гаврил во Назарет кај Марија. Ангелот ја поздравил со зборовите:

Радувај се благодатна! Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените!

Марија збунето започнала да размислува каков бил тој чудесен поздрав. Ангелот продолжил:

„И ете, ќе зачнеш и ќе родиш Син, и ќе Му го дадеш името Исус. Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Сèвишниот. И Господ-Бог ќе Му го даде престолот на Неговиот татко Давид, и ќе царува над Јакововиот дом довека, и Неговото Царство не ќе има крај“ (Лука 1:30–33).[7]

На ова, Марија му рекла на ангелот дека никогаш не имала однос со Јосиф, па го прашала:

„ Како ќе биде тоа, кога не знам за маж (Лука 1:34). “
Aнгелот одговорил:

„Светиот Дух ќе дојде на тебе и силата на Сèвишниот ќе те осени; затоа Светото кое ќе биде родено од тебе ќе се нарече Син Божји“.

На ова Марија одговорила:

„Еве ја Господовата слугинка, нека ми биде според твојот збор“ (Лука 1:35:38).

Така, според верувањата, во тој момент Марија се зачнала со Исус. По ова, Марија ја посетила својата роднина Елисавета, која била бремена (Лука 1:39). Кога престигнала, Елисавета ѝ одговорила:

„Благословена си ти меѓу жените! И благословен е плодот на твојата утроба“ (Лука 1:42).

Според овие стихови од евангелието, Елисавета поверувала на Марија дека е бремена и дека ќе го еоди Синот Божји:

„И блажена е таа, која поверува дека ќе се исполни она, што Господ ѝ го рекол“

Марија одговорила:

„Мојата душа Го велича Господа. “

Во следните три месеци, Марија останала да ѝ помага на Елисавета во нејзиниот дом, а по ова таа се вратила кај Јосиф, каде тој веднаш приметил дека е бремена. Јосиф паднал во голема тешкотија, а Марија никако не можела да му објасни што всушност се случило. Тој сметал дека го изневерила, а во тоа време за неверство се добивало каменување. Сепак, Јосиф одлучил да не објави за настанатото, туку тајно да се повлече и да ја напушти Марија, не сакајќи таа да умре. Ноќта пред тој да замине, на сон му се јавил ангелот на Бог, Гаврил, кој му рекол:

„Јосифе, сине Давидов, не плаши се да ја носиш својата жена Марија кај тебе, бидејќи она што е зачнато во неа е од Светиот Дух. Неговото име е Исус, бидејќи Тој ќе го спаси својот народ од нивните гревови (Матеј 1:18–25).

error: Content is protected !!