Украина ги зајакна своите сили во северниот регион близу границата со Белорусија со цел да се спротивстави на секој можен руски напад од тој правец, изјави заменик началникот на украинскиот Генералштаб, Алексиј Хромов.
– Во овој момент не се забележува создавање на ударни сили во Белорусија. Но, закани постојат и ќе ги има. Реагираме, веќе ги зголемивме нашите трупи во северниот правец, појасни Хромов.
„Во моментов не гледаме формирање на ударна група кон Белорусија. Сепак, заканите постоеја и продолжуваат да постојат“, рече на прес-конференцијата Олексеј Хромов, заменик-началник за операции во Генералштабот на Армијата.
„Реагираме, веќе го зголемивме бројот на силите во правец на север“, додаде Хромов. Белорусија, главниот сојузник на Русија во војната против Украина, и дозволи на Москва да ја користи нејзината територија за да го нападне јужниот сосед.
Русија во последните недели испрати авиони и дополнителни војници во воздушните бази во Белорусија, што ги зголеми стравувањата дека може да се отвори нов фронт на северната граница на Украина.
Генералштабот на украинската армија претходно предупреди дека нападот од Белорусија може да ги прекине патиштата за снабдување кои носат западно оружје и опрема во Украина.