Груевски само што се огласи: Неговите зборови многумина замислија, други му се смеат













Поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски испрати порака преку социјалните мрежи по потпишување на договорот со Фронтекс на македонски јазик.

Во продолжение следи негоаата објава од Фејсбук.




„Ова со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на “НАЈЧИСТ” македонски јазик, разбирам дека е некаква кампања за некоја следна одстапка на национален план, со која треба да ни се набилда егото дека поразите и капитулациите на национален план всушност се победи, но незнам дали навистина народот толку затупел или овие од власта така го третираат и доживуваат?




Сите меѓудржавни договори и договори со меѓународни институтиции, и порано и сега, и во иднина се потпишуваат и ќе се потпишуваат на македонски јазик, со кирилично писмо, кој нема чиста или нечиста верзија, нема две или повеќе верзии, ниту се потпишува на дијалекти и најчесто покрај на македонски јазик се потпишува уште и на англиски и/или некој друг јазик, зависно со кого потпишуваме. На ист начин функционираат сите држави. Никој досега не побарал од Македонија да не биде така. Тоа не е предмет на спор или дебата со никого. Тоа не е тема во ниту еден спор.




Отворениот спор од надвор е за тоа како се викал тој јазик(плус нација/националност и историја) до 2. Август 1944 година, а не како се вика потоа и денес.

Како се викале јазикот, историјата и нацијата до август 1944 година. Дали сите предци на оние кои денес се произнесуваме Македонци, реално се чуствувале бугари по националност, говореле бугарски јазик а нашата историја до тој момент дали е бугарска. Никој, апсолутно никој, досега не побарал од Македонија да не го користи македонскиот јазик во усна или писмена комуникација со неговото кирилично писмо во земјата или надвор, како и во меѓународните договори или да го замени со чешки, грчки или дански или пак бугарски или српски.




Од секогаш во политиката насекаде имало т.н. спинови и пропагандни кампањи и флоскули, ама никогаш немало толку евтини и приземни. На прва би рекол дека ја потценуваат интелегенцијата на цел еден народ, но кога подобро ќе се размисли всушност тоа е само ниско ниво на интелегенција на власта и оние кои им ги осмислуваат, подржуваат и учествуваат во овие кампањи.




По оваа логика, власта може да направи нова кампања, а потоа да прослави голем успех и јавно на плоштадот Македонија да отвори можеби и славенички шампањ, дека на пример владата испратила телеграма со честитки за католички Божиќ до папата, или до некој претседател или премиер на ЧИСТ, НАЈЧИСТ, НАЈ НАЈ ЧИСТ, ОРГИНАЛЕН, ОРТОДОКСЕН и 100% македонски јазик. И плус литературен! Или каков друг збор нема да им падне на памет… И?

Ние сите демек треба да “паднеме во несвест” и да го отцениме тоа како некоја голема победа за Македонија и да честитаме на владата? Неверојатно е со какви глупости го занимаваат народот или само мислат дека го занимаваат. После поминат долг период во политиката одговорно им тврдам дека помала фрустрација и бес ќе создадат, иако и таа сеуште ќе биде мошне голема, ако отворено, искрено и без интриги и вакви трикови кажат што и зошто прават, колку и тоа да не е исправно. Наместо луѓето да ги прават “будали” кои не само што ќе треба веруваат во тоа, туку и да прослават триумф!

Народот, граѓаните, луѓето во Македонија, дури и кога длабоко не се согласуваат со нешто, ја ценат искреноста, која сама по себе преставува искажување на минимално ниво на почит кон другиот.
И спротивно, бесот и гневот се удвојува кога покрај се, уште и се мамат со трикови кои тешко поминуваат и кај деца од 10-12 годишна возраст.
Всушност тоа е универзално правило“, напиша Груевски.

error: Content is protected !!