Балканот во неверување ја прими оваа вест.
Како е можно?!
Хрват кој купил куќа непријатно се изненадил кога се симнал да го исчисти подрумот.
Кога новиот сопственик погледнал во цевките веднаш ја повикал полицијата.
„Откако пристигнала полицијата, од торба која се наоѓала во цевка се извадени пет рачни бомби, 2,2 килограми експлозив, 320 куршуми од различен калибар, оружје кои биле целосно корозирани и опасни“ гласел извештајот.
Полицијата апелира граѓаните да не оставаат оружје на отворени и јавни места.
Повеќе за Хрватска
Хрватска или официјално Република Хрватска — држава на Балканскиот Полуостров која е географски сместена на раскрсницата на патиштата за Средна Европа и Средоземјето. Главниот град на Хрватска е Загреб. Граничи со Словенија и Унгарија на север, со Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на исток. Го зазема најголемиот дел на источниот брег на Јадранско Море. Во втората половина на 20 век претставува република во рамките на СФР Југославија, но прогласува независност во 1991. Хрватска е полноправен член на НАТО. Во јуни 2013 година и официјално беше примена како 28 земја-членка на Европската Унија.
Први познати племиња на територијата на денешна Хрватска биле Илирите и Келтите во внатрешноста, како и Хистрите, Либурните, Јаподите и Далматите на јадранскиот брег. Во 4 век п.н.е. на јужен и среден Јадран се создале грчки колонии, а во I век п.н.е. територијата постепено станала дел од Римското Царство. Најроманизирани биле Истра и провинцијата Далмација, словенски Хрвати се населиле во 7 и 8 век, римски останале само островите, како и градовите во Далмација и Истра. Доселениците набрзо го примиле христијанството, а во Нин уште во 9 век е создадена првата хрватска бискупија. Спорот помеѓу Византија и државата на Франките на Карло Велики завршил со Мирот во Ахен (812 г.), со која далматските градови ги задржала Византија, а другите области ги добиле Франките. На јакнеењето на нивната власт безуспешно се обидел да се cпротистави кнезот Људевит Посавски (819—822 г.).
Во 9 век меѓу Цетина и Велебит, се создало јадрото на хрватската држава, од каде за време на владеењето на домашните кнезови од семејството наследници на кнезот Трпимир (845—864 г.) постепено се проширила на далматските градови (околу 1018—1107 г. под власта на Венецијанците). Најмоќен меѓу нив бил кнезот Томислав (910—928 г.), кој на Драва го запрел навлегувањето на Унгарците, кој, како византиски сојузник, успешно војувал со Бугарите и во 925 г. се крунисал за крал. По смртта на кралот Звонимир (1075-89 г.) дошло до остри внатрешни судири, што ги искористил унгарскиот крал Коломан со семејството Арпадовиќ и ја освоил цела Хрватска. Во 1102 г. во Биоград се крунисал за хрватски крал, а 1107 г. ги добил и далматинските градови. Оттогаш сè до 1918 г. Хрватска се развила како повеќе или помалку автономна државна творба во составот на унгарската држава, а разликите меѓу Славонија и Хрватска и областа на јужно од Гвозд (Велика Капела) постојано се зголемувал.
Во битката на Крбавското Поле (9.9.1493 г.) Турците ја поразиле војската на хрватското благородништво, со што во следните 100 години се отворил пат за пробивање во Средна Европа. По поразот на Унгарците кај битката Мохач (29.8.1526 г.). Хабсбурговците ги оствариле своите наследни права на унгарскиот престол, а Хрватскиот сабор во 1527 г. го избрал надвојводата Фердинанд за хрватски крал. Фердинанд ја укинал дотогашната поделба на Хрватското кралството на Славонија и Хрватска со Далмација, а во 1558 г. се здружиле двата одвоени сабора. Турците во тој период ја освоиле областа меѓу Уна, Корана и Глина, така што навлегле сè до долна Купа. По повлекувањето на хрватското население пред нивните освојувања, Турците во населените области населиле нехрватско, главно православно население од внатрешноста на Балканот. Хабсбурговците во средината на 16 век на поголемиот дел на Хрватска ја создале Воена Краина, која била непосредно подредена на владетелот, а за воените прашања на Воениот совет во Грац, така што другиот дел на автономна Хрватска претставувала т.н. „остатоци на остатоците од некогашното славно хрватско кралство“ (околу 10.000 км2)
Поразот на Турците во Битката кај Сисак (22.6.1593 г.) значел почеток на нивното повлекување од хрватската територија. Со Мирот во Варшава (1664 год.) престанале нивните упади, но австриските владетели не сакале да ја укинат Воена Краина и продолжиле со војната против Турците. Сојузништвото на унгарското и хрватското благородништво, што го воделе Никола Зрински и Фран Крсто Франкопан, завршило со нивното соборување од власт (1671 год.), а Хабсбурговците во Хрватска сè повеќе го воведувале апсолутизмот. По Мирот во Сремски Карловац (1699 г.) Турците се повлекле од повеќето хрватски територии. Хабсбуршката Монархија го продолжила порано почнатото населување на православните бегалци во пограничните области на Хрватска кон Османлиското Царство, во Лика, Кордун, Бановина и во делови на Славонија, а исто така и Венецијанската Република во Далматинска Загора. Марија Терезија во 1799 г. со укинувањето на Кралскиот совет во Загреб целосно ја укинала хрватската автономија, а за време на Јосип Втори Хрватска и правно станала дел од Унгарија. Кога со Мирот во Кампоформија (1797 год.) е распуштена Венецијанската Република, Далмација станала наследна земја на Хабсбурговците и не се обединила со Хрватска. Исто така, во 1808 год. укината е и автономијата на Дубровничката Република.
Хрватска се наоѓа во Југоисточна Европа меѓу Средна Европа и Медитеранот. Се дели на три региони: низинска, планинска и приморска Хрватска. Повеќе од половина од територијата се рамнини и ритчиња на Панонскиот базен на север (низинска Хрватска). На исток се низинските покраини Срем и Барања, кои кон запад продолжуваат во Славонија и во широките рамнини покрај Сава и покрај Драва. Во западниот дел на Славонија среде рамнината се издигаат шумовити планини (Папук 953 м, Псуњ 984м), а меѓу нив е ридестата Пожешка Котлина. Кон запад планините се спуштаат во широка, малку повлажна рамнина покрај Илова, Чешма и Лоњ, над кои на север се издига околу 60 км долгата Билогора (309м) и на југ Мославачка Гора (489м). На крајниот северозапад се наоѓа рамничарското Меѓумурје меѓу Драва и Мура, како и ридестото Хрватско Загорје, кои достигнуваат до најисточните шумовити падини на Предалпските Планини (Жумберачка Гора 1181 м, Иванчица 1059 м, Медведница 1035м). Рамнината продолжува по течението на Купа кон југозапад во Карловачкиот базен, кој кон југ постепено преминува во нискиот карст на Кордун со Петрова Гора (512м), а на југоисток во ниските планини на Банија (Зринска Гора 616м). Планинска Хрватска опфаќа дел од Динарските Планини и претставува голема географска преграда меѓу континентална и средоземна Хрватска. Поголем дел се наоѓа на надморска височина меѓу 500 и 1000 м; карактеристична е насоченоста од северозапад кон југоисток. Преовладуваат мезозојски варовници така што поголемиот дел од релјефот добил особеност на карст, шумовит е и многу ретко населен. На северозапад е планинскиот Горски Котар со пространи шуми (Белоласица 1533 м, Велики Рисњак 1528м), кон југоисток пространата висорамнина Лика (500—700м), со Личко 465км2, Гатцко 80км2 и Крбавско Кршко Поле 67км2, како и 145 км долгиот планински венец Велебит којшто ја одвојува од Јадранското Море (Вагански врв 1758м). Во продолжение на сообраќајниот многу важен премин од Лика и долината на Уна кон Книн по должината на границата од Босна и Херцеговина се издигнува 80 км долгиот и карпест планински венец Динара со највисокиот врв во Хрватска Динара 1831 м. Во приморска Хрватска преовладуваат многу варовници меѓу кои е тесниот појас на еоценски флиш (сред. Истра, Винодол, Равни Котари, Конавле) и карстните полиња во внатрешноста на Далмација, на пример Имотско 95км2, Сињско 64км2, Петрово 57км2, Вргорачко 37км2 и Дицмо 35км2. Бидејќи повеќето варовнички планини се издигаат веднаш над брегот (Велебит, Мосор, Биоково), приморјето е многу тесно, пошироко е само на полуостровот Истра (3130км2), во заднината на Задар и Шибеник (Равни Котари), како и по делтата на Неретва. Во Јадранското Море на Хрватска и припаѓаат 718 поголеми и помали острови (67 населени) коишто, исто така, се ридести, изградени од креден варовник и карстни. Поголеми острови се: Крк (406км2), Црес (406км2), Брач (395км2), Хвар (300км2), Паг (285км2), Корчула (276км2), Дуги Оток (114км2), Млет (100км2), Раб (91км2) и многу други. На Хрватска и припаѓа поразгранетиот и многу живописен дел од источниот брег на Јадранското Море (1777км2).
Приморскиот дел на Хрватска има карактеристична средоземна клима со жешки и суви лета, со топли зими така што најмногу врнежи има во октомври и ноември. Особено зиме чести се бурите, студен и силен ветер што дува во налети преку планинските превалци кон морето. Планинска Хрватска има умерено континентална клима со студени зими и свежи лета, а во највисоките области планинска клима, со многу врнежи на планинските предели. Во Горски Котар има над 3000 мм врнежи во година. Најмногу врнежи има во октомври и во ноември, а снежната покривка се задржува 50-60 дена. Низинска Хрватска има умерено континентална клима со студени зими и топли лета, со најмногу врнежи во мај и јуни и во октомври и во ноември. Количеството врнежи се намалува од 3 кон исток, а снежната покривка се задржува 25-40 денови.
Од прифаќањето на уставот од 1990 година, Хрватска има демократски систем на владеење. Помеѓу 1990 и 2000 година државата била со полупретседателски систем, додека од 2000 година е парламентарна држава.
На чело на државата е претседателот кој е избран за мандат од пет години и има право да се кандидира само двапати. Тој е врховен командант на хрватската војска и со советот на Собранието го назначува премиерот на Хрватска.
Собранието на Хрватска е еднодомно и има од 100 до 160 члена. Пратениците се избрани на избори за мандат од четири години. Хрватската влада е управувана од премиерот на Хрватска заедно со кабинетот министри назначени за различни сектори. Извршната власт е задолжена за донесување на закони, имплементирање на закони и водење на внатрешна и надворешна политика.
Приватизацијата во Хрватска и создавањето на слободен пазар започнале во 1990 година. Како резултат на војната инфраструктурата ослабела, а најмногу страдал туризмот. Од 1989 до 1993 БНП паднал до 40%. Со завршувањето на војната започнала обновата на хрватската економија.
Во 2000 година хрватската економија забележала висок развој и закрепнување. Започнале странски инвестиции и развој на туризмот.