Болка која не поминува – Жељко Самарџиќ проговори за смртта на неговиот син









Самарџиќ е роден во Мостар, во тоа време дел на СР Босна и Херцеговина, во Југославија. Неговиот татко Миливоје бил етнички Црногорец, а мајка му Нада беше херцеговинска Хрватка од Илиќи, предградие на Мостар.

Татко му бил офицер на југословенската народна армија, што значи дека семејството морало да се сели често. Првите седум години од својот живот ги поминал во Мостар а потоа Жељко, живеел и се школувал во Никшиќ, Игало и Задар а потоа повторно се враќаат во Мостар.




Тој за првпат започнал да пее во средно училиште, а наскоро станал познат во целиот Мостар како добар изведувач на песните на Кемал Монтено. Неговата музичка активност во овој период во суштина била малку повеќе од хоби.

Најголема популарност постигнал со песната “Мојата Марија, е поинаква“ која станала хит во Босна за време на 1970-тите години.




Пејачот Жељко Самарџиќ реживеал тешка семејна трагедија.

Неговиот син, кој го добил со сопругата Маја, веднаш по раѓањето напрвата ќерка Сања, починал уште додека бил бебе, неколку месеци по раѓањето.




-Нашето второ дете беше син кој почина уште како бебе, а тоа се рани кои не зацелуваат додека сте живи. Остана бескрајна тага и празнина. Сфатете ме, за тоа не сакам да зборувам – изјавил Самарџиќ за српските медиуми.




Пријател на семејството изјавил дека пејачот многу сакал повторно да добие син, но добил две ќерки Данијела и Миња, кои заедно со Сања, бескрајно ги сака.

error: Content is protected !!