Бугарската полиција уапси возач на камион од МАКЕДОНИЈА – еве што имал во камионот

Полицијата во Бугарија била во неверување – од она што го виделе на самото место.

А допрва ќе се истражува, како успеал во тоа, кој му помогнал, дали има вмешани и луѓе од Бугарија во целиот процес?

Во Бургас бил приведен возач на камион од Македонија, а во возилото имал стотина илегални мигранти.

Возачот бил 60-годишен македонски државјанин, а бил уапсен околу 6.45 часот утрово.

Во камионот превезувал само мажи од Авганистан и засега не е познато каде требало истите да завршат.

За случајот е поведена и предистражна постапка.

Повеќе за источниот сосед Бугарија

Бугарија или официјално Република Бугарија — држава во Југоисточна Европа, која излегува на Црно Море на исток, на југ граничи со Грција и Турција, со Србија и Македонија на запад и со Романија на север. Северната граница, главно е по должината на реката Дунав, при што источниот дел од границата ја дели областа Добруџа. Бугарија има вкупна површина од 110 911,5 квадратни километри.

Бугарски земји биле населени од неолитот. Првата документирана цивилизација која живеела на територијата на Бугарија биле Тракијците. Тие биле асимилирани од Римјаните, а подоцна од страна на Словените во 6 век. Околу 670, прабугарски орди пристигнале на Балканскиот Полуостров и го основале „Првото Бугарско Царство“, признато од Византија во 681 година. Бугарската држава станала културниот центар за сите Словени во текот на средниот век сè до падот на „Второто Бугарско Царство“ под отоманска власт во 1396. Во 1878 година на Руско-турската војна резултирал со основање на „Трето Бугарско Царство“. Таа станала комунистичка народна република и сојузник на Советскиот Сојуз во 1946 година. Колапсот на Источниот блок во 1989 година донел демократски промени во Бугарија и резултирал со нејзиното членство во Европската Унија во 2007 година.

Главен град на Бугарија е Софија, кој има околу 1 290 000 жители. Други поголеми градови се Пловдив (331 796), Варна (330 486) и Бургас (197 301). Бугарија е членка на повеќе меѓународни организации, меѓу кои и во НАТО, Светската трговска организација, Европската Унија, како и трипати непостојана членка на Советот за безбедност на ОН и еден од основачите на ОБСЕ.

рвите информации за човечко присуство на територијата на денешна Бугарија датираат од 44 000 година пред Христа. Околу 6000 година п.н.е. се развиваат првите автохтони култури. Од овој период датираат и Старозагорските неолитски куќи, кои се најстарите задржани куќи во светот[се бара извор]. До 1500 година п.н.е. се развиваат неколку култури, меѓу кои културите во Варна и Езеро.

Првата цивилизација која оставила трајни траги во бугарската историја, е тракијската. Потеклото на Тракијците е неразјаснето, поради недостатокот на писменост, но се познати нивните вештини во металугријата, војската и земјоделството. Тие живееле поделени на племиња до 500 година п.н.е., кога царот Терес ги обединил во „Одриското царство“. Во 4 век тоа било потчинето од Александар Македонски, но се ослободува по неговата смрт. Во 279 п.н.е. по келтската инвазија на Тракија се создало келтско-тракиското царство Тиле. Во 46 година целиот регион потпаднал под власта на Римското Царство. По нејзиниот распад во 5 век во регионот постојано се сместувале различни народи со слаба општествена организација, меѓу кои и Словените.

Околу 670 г. на Балканот пристигнале и Прабугарите, предводени од хан Аспарух. Тие барале контрола врз локалните словенско-тракијски племиња и создале свое царство, кое било признато од Византија во 681 година.

„Бугарско Царство“ е термин кој се користи за опишување на два периода од средновековната историја на Бугарија, која често се борела прoтив Византија. Двете Бугарски царства не се сметаат како различни ентитети, туку како една држава која се обновила после периодот на Византиското владеење на нејзината територија

„Првото Бугарско Царство“ било формирано како резултат на проширувањето на Стара Велика Бугарија на териториите јужно од реката Дунав, и се смета дека постоело помеѓу 681 година (кога постоењето на ова царство за првпат било спомнато од страна на Византија во мировен договор) и 1018 година, кога потпаѓа под византиска управа. Својот зенит го достигнало во текот на деветтиот и почетокот на десеттиот век, кога со царството владеел Борис I и Симеон Велики, кој ја развил Бугарија во културен и литературен центар на средновековните Словени.

Средновековна Бугарија претставува обновување на „Второто Бугарско Царство“ после успешното „Бугарско востание“ на двајца велмошти од Трново, Асен и Петар, во 1185 година. Во првата половина на тринаесеттиот век поголемиот дел од територијата бил повратен. По втората ера на Иван Асен II, Бугарија драстично ослабела на воен и политички план, особено по војните со Унгарците, Монголците и Византијците. Средновековна Бугарија опстојувала сè до инвазијата на Отоманците на Балканот кон крајот на четиринаесеттиот век. Последната бугарска територија која потпаднала под отоманска власт била околината на Созопол во околу 1453 година.

Почетоците на современата бугарска држава се тесно поврзани со Бугарската егзархија, Априлското востание од 1876, Цариградската дипломатска конференција од истата година и Руско-Турската војна од 1877 – 1878 година. Војната ја започнала Русија со оправдување за „ослободување на христијаните на Балканот од турското ропство“ по Априлското востание, кое било крваво задушено со масакрот на 30 000 Бугари. Големите сили веќе не верувале дека е можно без реформи да се зачува мирот и добрите односи меѓу Турците и Бугарите, но обидот тие да се помират преку посебна конференција претрпел неуспех, бидејќи планот да се создадат два автономни региони во границите на Бугарската егзархија бил отфрлен од Османлиското Царство. По многуте жестоки битки и бројни жртви на луѓе и материјалната штета, руската армија успеала да ја потисне турската војска од поголемиот дел од нејзините територии на Балканскиот Полуостров, а во опасност била и престолнината Истанбул. Немајќи друг излез, Османска Турција ги прифатила најтешките можни услови за постигнување мировен договор. Русија не ја завладеaла целата територија на Турција, бидејќу британската флота била пратена кон Босфорот. Турција се согласила да ги отстапи Мезија, северна Тракија и поголемиот дел од Македонија. Овие територии требало да се вклучат во идната бугарска држава, која требело да биде под силно политичко влијание на Русија. На 3 март 1878 во местото Сан Стефано, во близината на Истанбул, бил потпишан познатиот Санстефански Договор, кој ги поставил темелите на идната бугарска држава и таа ги заземала териториите на Бугарската егзархија.

Овој договор не бил прифатен од Големите Сили поради стравот дека ваква голема словенска држава на Балканот би била слуга на руските интереси. Само неколку месеци подоцна, во јуни 1878 година, во Берлин бил свикан Берлинскиот конгрес на кој било признато правото на Бугарија да постои како „автономно-трибутарно кнежевство“ само во граници меѓу Дунав и Стара Планина и Софискиот санџак. Во Трновскиот устав не било запишано дека земјата е под вазалната зависност од Отоманското Царство, но тоа е факт според актите на меѓународното право. Северна Тракија добила автономија под името Источна Румелија, со бугарска влада. Во 1885 година Источна Румелија била приклучена кон Бугарија, а истата судбина ја дочекала и Пиринска Македонија во 1913 година.

На 22 септември 1908 година по анексијата на Босна и Херцеговина од страна на Австроунгарија и со поддршката на Русија, Бугарија ја добила својата независност – Фердинанд го прочитал манифестот во Велико Трново. Променет бил и Трновскиот устав, со кој титулата на Фердинанд била променета од „кнез“ во „цар“ и соодветно официјалното именување на државата од „Кнежевство Бугарија“ во „Царство Бугарија“. Балканските војни резултирале со тешки економски загуби за земјата. Бугарија станала сојузник на Германија во текот на Првата светска војна и мобилизира една четвртина од населението. Загубата на војната резултира со „национална катастрофа“ – големи жртви, економски колапс и политичка нестабилност.

Екстремно десничарскиот политичар Александар Цанков ја презел власта во 1923 година и започнат „белиот терор“ против левичарите и аграрците. Во 1926 година тој бил заменет од страна на поумерениот Андреј Љапчев, но претстојната Голема депресија уште еднаш ја дестабилизирала бугарската политика. Во 1935 година цар Борис III воспоставил лична диктатура да се избегне дополнителна дестабилизација. Бугарија започнала да гравитира кон нацистичка Германија. Во 1941 година Бугарија се приклучила во Втората светска војна како членка на Оската, но не и објавила војна на СССР и го зачувала еврејско население во Бугарија од депортацијата во германски концентрациони логори. На 9 септември 1944 бугарските комунистички партизани со помош од Црвената армија ја смениле монархијата и Бугарија се приклучила кон сојузничката страна до крајот на војната. После доаѓањето на власт на Отчествениот Фронт се организирал референдум за промена на формата на државното управување, на кој народот гласал со 92,7% за републиканска форма на управување. На 15 септември 1946, Бугарија била прогласена за Народна република на чело со Георги Димитров. Во 1947 Големото народно собрание го примило новиот устав на Народна Република Бугарија.

Економијата почнала да се гради врз принципите на планираното стопанство. До крајот на 1950-те години стандардот на живот значително се подобрил, но во исто време се барала строга цензура и контактите со земји надвор од социјалистичкиот камп се ограничиле значително. За време на владеењето на Тодор Живков со НР Бугарија, во државата биле изградени најголемите индустриски капацитети во државата- металуршкиот комплекс „Кремиковци“, индустриски комплекс „Црвена могила“, нуклеарна централа „Козлодуј„ и информатичката фабрика во Правец.

Набргу по падот на Берлинскиот ѕид дошол и крајот на комунистичкото владеење. Бугарија почнала да се ориентира кон парламентарната демократија и пазарната економија, но дури и по 2000 година просечните показатели на развој остануваат пониски од социјалистичката ера. По 2004 година започнало брзо подобрување на ситуацијата, а членството во Европската унија се одвило во 2007 година. Истата година Бугарија го потпишала и го ратификувала Лисабонскиот договор. И покрај економски подем во последниве години, земјата продолжува да има сериозни проблеми со правниот систем, корупцијата, квалитетот на јавните услуги и демографскиот пад.

error: Content is protected !!