Toдор Петров за Бугарите во Уставот: Пак ќе кренат раце пратениците од ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО ништо назад не поврати: Името, знамето, културата, историјата…









ЗА КОКОШКАТА И ПЕТЕЛОТ…

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Трчала кокошката околу дворот… шпринт! Спотната и задишана… И’ дофрла другарка и’ “А мор кокошко една, што туку правиш крукчиња, застани, петелот и така на крај ќе ти се качи“. Спринтерката одважно одговорила “Ам, з’ш да мисли дека сум лесна женска.“ И така, шпринт во место, ама од петелот не се бега…




Се потепаа: Нема Бугари во Уставот. Сега нова касета се вергла “Под овие услови и околности, без писмени гаранции нема да поддржиме уставни измени!“ Е, оваа пракса се повторува… Па, тешко ли е да се дадат писмени гаранции? Што испочитувал Брисел, та и да бидат писмени гаранции од европските технократи и бирократи за алиби на уште едно предавство на нацијата и државата со “бугари“ во Уставот.

Се собираа потписи за референдум со несоодветно прашање, на крајот добија тонч од Талат Џафери и пак по старо си продолжија. Избори на крајот од мандатот, какви предвремени…




И Ѓорге Иванов така се согласи за мандатот на црпнатиот шарлатан од нива Зоран Заев на 17 мај 2017 година… со писмена гаранција. И? Штом ја даде гаранцијата, првата изјава на Заев пред претседателската резиденција на Водно беше “Социјалдемократскиот сојуз повеќе не е македонска партија!“ Го надополни Фрчковски “Социјалдемократскиот сојуз е најголемата албанска партија!“

Ги склучи Заев договорите со Атина и Софија, ја спроведе платформата на Тирана, ја растури државата, а Иванов иако можеше тоа да го оневозможи до крајот на неговиот мандат, со малиот прст не мрдна за спас на Македонците и Македонија. Важно го остави аманетот за некои генерации во неизвесна иднина… ВМРО-ДПМНЕ нешто промени? Таа била новата реалност, ете тоа надополни. Се’ отиде у триста…




Да се потсетиме што напиша претседателот на СДСМ Зоран Заев во Изјавата од 17 мај 2017 година при добивањето мандат за состав на Влада на Република Македонија од Претседателот на Републиката д-р Ѓорге Иванов:

“Гарантираме заштита на унитарноста, суверенитетот, територијалниот интегритет, независноста и мултиетничноста на Македонија; Гарантираме заштита на уставниот поредок и територијалната целина на Република Македонија; Гарантираме заштита на државните интереси и унапредување на животот на сите граѓани без оглед на етничката, религиската и јазичната припадност; Гарантираме дека одлуките од власта ќе бидат во согласност со основните демократски принципи и владеењето на правото, недоведувајќи ја Република Македонија во положба на потчинетост или зависност кон други држави; и Ниту еден документ, платформа, декларација, акт или дејствие кои би биле спротивни на погоре наведените ставови, не можат да бидат услов ниту основа за формирање и дејствување на Владата на Република Македонија!“




Сега Христијан Мицкоски ја уверува јавноста, дека гаранциите на блудницата вавилонска од Брисел, ќе значат:

“бугарите во Уставот“ се последното барање од Бугарија против Македонците и Македонија? Паа… за џабе ли претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на 26 октомври 2022 година во Скопје да присуствува на потпишувањето на Договорот со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража – Фронтекс на македонски јазик, како Господ знае што се случило, иако демантот за “чистиот Македонски јазик“ стигна веднаш со честитките токму од Урсула фон дер Лајен: до “Северномакедонци“ во државата Македонија!




Впрочем, Софија се’ што посака, сите историски и идентитетски прашања ги внесе во Анексот на Договорот склучен на 17 јули 2022 година како дел од атипичниот и нестандардниот ЕУ-Македонија политички состанок одржан на 19 јули 2022 година, во кој се честита Анексот на Договорот и се препорача впишување на бугарите во Уставот како УСЛОВ за одржување на Првата Меѓувладина конференција ЕУ-Македонија на која треба да се утврди француската Преговарачка рамка од 23 јуни 2022 година за пристапување на Македонија во членство на Европската Унија, корегирана со дополнителните 4 услови од Бугарското Собрание на 30 јуни 2022 година!




А, кој беше коментарот на Владата во Софија? Сега нашите барања се европски барања, Брисел е гранција за нивното спроведување! Софиските врховисти и колаборационисти како “етнички бугари“ во Уставот на државата Македонија, значи демонтажа на Македонската држава! Се разбира тоа не се случува преку ноќ, тоа е процес кој малку подолго ќе трае, кој системски треба да се спроведува, “нашите“ ќе го имплементираат, кои према Македонците најсурово овде во државата Македонија ќе се однесуваат…




На крајот, повторно со народната. Некого женеле, женеле, година за година, најпосле го ожениле. Му дошол другарот на честито, ама не можел да се воздржи, пуштил душа, па му рекол в лице “А, бе брат, кај ти ја наместија најгрдата која никој не ја сакаше, ама па и трудна ти ја подметнале!“ Овој смоткото, ладнокрво, одговорил “Е, ако де, не е многу трудна, малку е трудна!“ “Еее штом е малку, добро е!“ придодал другар му и си заминал.




Така и со Христијан Мицкоски, ќе пројдат уставните измени со писмени гаранции од Брисел за “бугарите во Уставот на државата Македонија како последно барања од Софија“, исто на оние ветувањата од Зоран Заев на 17 мај 2017 година и на крај невестата ќе се породи… Пак ќе кренат раце пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за “бугарите во Уставот“, како што гласаа за промена на името на државата Македонија и индетитетот на Македонскиот народ во амандманите на Уставот донесени на седница на Собранието одржана на 11 јануари 2019 година. И џабе ќе ни биде Мицкоски после тоа, како што вети, и трајно да замине од политиката. Како што Киро Глигоров вети обраќањето “поранешна југсоловенска република Македонија“ ќе остане само три месеци, но остана 30 години, со трајна промена на името на државата Македонија со “Северна Македонија“. Срам и арам!

Колку за потсетување… се’ што растури СДСМ за овие 30 години, ВМРО ништо назад не поврати: Името, знамето, културата, историјата, 150.000 македонски државјанства на косовари во 1994 година, македонско-грчката Времена согласност од 13 септември 1995 година, територијалната организација на локалната самоуправа 2004 година, приватизацијата на општествената сопственост, трансформацијата на банките, суспензијата на референдумот од 8 септември 1991 година, суспензијата на референдумот од 30 септември 2018 година, договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година, договорот Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, Пописот на населението во Македонија од 5 до 30 септември 2021 година и од 1 март до 30 септември 2021 година со “самопопишување“ во странство… Од готова станавме вересија држава…

И не ни иде умот и не ни иде умот… Да, почетокот беше за кокошката… времето брзо ќе покаже кога ќе стигне петелот…

Никогаш сверена, само Македонија вечна од исконот до бескрајот!

error: Content is protected !!