(ВИДЕО) Бугарската полиција со невообичаено однесување кон новинарите од Канал 5- тие тајно снимија се









Се повеќе се чувствува тензија во Бугарија.

Се повеќе некои постапки на домаќинот прават нервоза на двете страни.




Последна на тапет е новинарска екипа од Македонија.

Среде бел ден, на улица, како да се најголеми криминалци, се претресуваат од глава до пети.




Екипата на Канал 5 беше детално претресена од бугарската полиција во центарот на Благоевград во обид да стигне до Македонскиот културен клуб Никола Вапцаров.




На снимателот Иван Поповиќ и новинарката Андријана Лазова им беа побарани пасоши и покрај тоа што истите им беа проверени при влез во Република Бугарија на Граничниот премин Деве Баир.




И покрај тоа што не влегуваа во ниту една бугарска институција екипата на Канал 5 беше детално претресена среде улица, нешто што не е вообичаено кога акредитирани новинарски екипи известуваат од јавен простор.




Еве го видеото:

error: Content is protected !!