Другари и пријатели на Горан од Берово споделија: Името на нашата група се преименува во Лакалиски









Другарите и пријателите на Горан од Берово споделија: Името на нашата група се преименува во Лакалиски




Денес во Македонија се прошири тажната вест од беровско, каде загина млад 27-годишен живот.

Станува збор за Горан Лакалиски, кој изгубил контрола над трактор со приколка во која превезувал дрва, при што тракторот и приколката се превртеле, а тој се здобил со повреди, од кои подоцна во Здравствениот дом во Берово констатирана била смрт.




На социјалните мрежи, неговите најблиски, фамилијата, пријателите, но и познаниците се опростуваат од него.

Како што може да се забележи, 27-годишниот Горан бил љубител на ловот.




Неговите пријатели од истата ловџиска група, која го носела името „БумБум“, се огласија преку социјалните мрежи.

-Во чест на ненадејно загинатиот голем другар, пријател и одличен ловец, Горан Лакалиски, нашата група од „БумБум“ ја преименуваме во група „Лакалиски“, напишаа тие.




Нека почива во мир, сочувство од редакцијата до неговите најблиски.

error: Content is protected !!