Експертите за семејно право Слатер и Гордон спровеле истражување за да дознаат која година од бракот е најсреќна и кој период од брачниот живот е најтешкиот.
3 година
Постои верување дека љубовта трае најмногу три години. Тогаш паровите се разделуваат, бидејќи ситуацијата генерално не е толку идеална како порано. Во реалноста, по 3 години брак, луѓето се повеќе подготвени да ги прифатат слабостите и мааните на партнерот, а нивниот заеднички живот станува многу полесен и поубав.
Исто така, третата година од бракот е најчестиот период кога двојките се одлучуваат да добијат дете. Како резултат на тоа, нивните отчукувања стануваат посилни, и затоа се верува дека третата година од бракот е најсреќна.
5 година
Првите вистински проблеми започнуваат во петтата година од заедничкиот живот. Во овој период, децата се уште се мали и бараат многу грижа и внимание. Во овој период е многу тешко да се усогласат работата и одржувањето на куќата, а да не ги спомнуваме секојдневните проблеми.
Во повеќето случаи, токму поради ова по пет години брак, луѓето се обраќаат кон адвокатите и започнуваат постапки за развод, со што ја прави петтата година од бракот најкритична и најтежок период во заедничкиот живот.
7 година
Ако парот остане во брак по пет години, ги чека уште едно големо искушение. Седмата година од семејниот живот експертите го нарекуваат појавување на барикада или т.н.”ѕид”. Во тоа време, семејниот живот станува рутински.
Исто така, може да дојде до финансиски проблеми, проблеми со грижата околу децата и расправии за споделување на одговорностите околу домаќинството и обврските.
Ова е многу комплициран период, па ако партнерите успеат да поминат низ него заедно, се верува дека ги чека долг, среќен и стабилен брак.
Повеќе за бракот
Брак е социјално или ритуално признат сојуз или правен договор меѓу две или повеќе лица со кој се воспоставуваат правата и обврските меѓу нив. Дефиниција на бракот варира во зависност од различните култури, но тоа е главно институција во која меѓучовечки односи, обично интимни и сексуални, се признаваат. Во некои култури, бракот се препорачува или се смета за задолжителен пред извршуваање на каква било сексуална активност.
Бракот може да биде доброволен – кога брачните партнери сами, по своја волја решаваат да ја формираат заедницата, или договорен – по налог на други лица, најчесто родителите на брачните партнери или поширокиот семеен круг, семејниот старешина, племенскиот старешина итн.
Поединец може да стапи во брак за неколку причини, вклучувајќи правни, социјални, емоционални, финансиски, и религиозни. Во некои делови од светот договорен брак, малолетнички брак, полигамијата, а понекогаш и принуден брак, може да се практикува како културна традиција. Спротивно на тоа, таквите практики можат да бидат забранети во многу делови во светот поради загриженоста за човековите права. Во развиените делови на светот, има општ тренд кон обезбедување еднакви права за жени во рамките на бракот и законско признавање на браковите кои се меѓурасни, меѓуверски и истополови.
Честопати, овие трендови се мотивирани од желбата да се воспостави еднаквост и за почитување на човековите права. Бракот може да биде признат од страна на една држава, организација, верски орган, племенска група, локална заедница или врсници. Граѓанскиот брак е брак без религиозна содржина извршен од страна на владинска институција, и се признава како создавање на правата и обврските суштински за брак. Бракот може да се изврши во секуларна граѓанска церемонија или во верски амбиент преку свадбена церемонија.
Во своето дело „Богатството на царот Радован“, српскиот поет Јован Дучиќ вели дека постојат два вида брака: еден за младите, а друг за старите. Притоа, првиот служи за да се подели среќата, а вториот за да се поделат несреќата и болестите. Според него, бракот со вдовица е лош, зашто во него заповеда нејзиниот мртов сопруг кој е посилен од животот на домаќинот; во бракот со разведена жена, исто така, постои уште едне сопруг, кој е отсутен, но секогаш е поважен од другиот; мажевите на вдовиците и на разведените жени секогаш ја имаат несреќата да бидат споредувани со претходните мажи. Понатаму, според Дучиќ, во младоста, бракот е прашање на љубовта и сексуалноста, а во староста, тој е предизвикан од слабоста и од стравот од осаменост. Според старогрчкиот поет Хесиод, најдобро е човек да се ожени со чесна девојка која ќе може да ја воспита правилно; мудро е човек да се ожени во соседството; и треба да се бега, како од најголемо зло, од жената која им робува на страстите, зашто таа предвремено ќе го остари човека.
Историски гледано, во повеќето култури, мажените жени имале многу малку права, заедно со деца во семејството биле сметани за имотот на мажот. Во Европа, САД, и неколку други места, од крајот на XIX век во текот на XXI век, бракот претрпе постепени законски измени, кои имаат за цел подобрување на правата на жените. Овие промени констинуираат давање на жените сопствен идентитет, укинување на правото на мажите да ги физички нападнат своите сопруги, либерализација на законите за развод итн. Овие промени се случиле пред сè во западните земји. Во XXI век, сè уште има контроверзии во однос на правниот статус на мажените жени, правни прифаќања или попустливост кон насилството во бракот (особено сексуално насилство).
Феминистичката теорија тврди дека бракот е институција традиционално вкоренета во патријархатот кој ја промовира машката супериорност и власт над жените. “Теоретски, жените … [беа] дефинирани како сопственост на нивните сопрузи .. .. Прељуба на една жена беше секогаш построго третирана од онаа на еден маж.”
Традиционалниот брак наметна обврска на жената да биде сексуално достапна за нејзиниот сопруг и обврска на мажот да обезбеди материјална/финансиска поддршка за жената. Бројни филозофи, феминистки и други академски лица коментирале на ова низ историјата, се осудува лицемерието на правните и религиозните власти во однос на сексуалните прашања; што укажува на недостаток на избор на жената во однос на контрола на сопствената сексуалност; и се повлекуваат паралели помеѓу бракот, институција промовирана како света, и проституцијата, што наголемо се осудува и оцрнува (иако често се толерира како “нужно зло”). Мери Волстонкрафт, во XVIII век, го опиша бракот како “легална проституција”. Ема Голдман напиша во 1910: “За моралистот проституција не се состои толку многу во фактот дека жената го продава своето тело, туку дека таа се продава надвор од брак”. Бертранд Расел во својата книга Бракот и Моралот напишал: “Бракот е за жена најчест начин на живот, а вкупниот износ на несакан секс издржан од страна на жените е веројатно поголем во брак отколку во проституција.”Ангела Картер во Ноќи на Циркус напиша: “Што е бракот, освен проституцијата за еден маж, наместо за многу”.
Некои критичари се противат на она што тие го гледаат како пропаганда во врска со бракот – од владата, верски организации, медиуми – кои агресивно го промовираат бракот како решение за сите социјални проблеми; како пропаганда се вклучува, на пример, промоцијата на бракот во училиштата, каде што децата, особено девојчињата, се бомбардирани со позитивни информации за бракот, каде се претстави само со информации изготвени од страна на властите.
Во САД, некои студии покажале дека, и покрај рамноправните идеали, помалку од половина од испитаните гледаат на своите врски како еднакви, во нееднакви односи се почесто присуство на доминација од страна на машкиот партнер.Истражувањата исто така покажуваат дека брачни двојки имаат највисоко ниво на задоволство додека се во рамноправни односи. Во последниве години, егалитарните бракови добиваат сè поголем фокус и внимание политички, економски и културно во голем број на земји.
Во Стариот Рим, бракот се склучувал преку „confarreatioa“ во присуство на првосвештеникот (pontifex maximus), свештеникот на Јупитер (flamen Dialis) и десет сведоци. Подоцна, оваа церемонија била упростена: најпрвин, посебни свештеници (nuptiarum auspices) биле замолувани да го одредат најповолното време за склучувањето на бракот, а потоа, бракот бил склучуван со т.н. dextrarum iunctio, постапка со која невестата својата десна рака ја ставала во раката на младоженецот и така симболично ја прифаќала заедницата со него. Жената која ги донела младоженците на церемонијата и која го извршила обредот dextrarum iunctio била позната како пронуба, а таа ја носела и невестата во брачниот кревет. Потоа, младоженците му принесувале на Јупитер подарок во вид на некаква торта (panis farreus). Оваа церемонија на младоженецот му го давала правото на manus, т.е. апсолутното право над жената. Во основа, бракот не можел да се поништи, т.е. не постоела можноста за развод, а се раскинувал само со посебен обред (т.н. diffareatio).
Бракот во христијанството е Света тајна во која младоженецот и невестата пред свештеникот и црквата даваат слободно ветување за својата заемна брачна верност и нивната врска се благословува како слика на блискоста на Христос со црквата и им се дава благодат која ја осветува нивната врска за заемно помагање и благословено раѓање и христијанско воспитување на деца. Според христијанските верувања, Бог уште во рајот ја осветил брачната врска кога го благословил Адам со Ева. Самата тајна се извршува во средината на црквата, пред Светиот Крст и Светото Евангелие. Две важни работи ѝ припаѓаат на видливата страна од бракот:
свечена изјава на младоженецот и невестата пред црквата дека слободно стапуваат во брачна врска,
свечениот благослов на нивната брачна врска-од страна на свештеникот-кој им става венци на главата