Скопјани се разбудија со нов шок: Овие автобуски линии денес нема да возат – дознајте први









Од утрово не возат дел од приватните автобуси во Скопје бидејќи Градот им должи пари. Во сообраќај не се пуштени автобусите на превозникот „Макекспрес“ оти немаат пари со што да стават гориво. Автобуси нема на линиите 19, 20, 22, 52 и 54.




ЈСП Скопје и Град Скопје за три месеци им немаат исплатено пари на приватните превозници како што предвидува договорот по едно евро за секој изминат километар и сега долгот кон „Макексперс“ е околу пола милион евра.




„Ние имаме вкупно 77 автобуси и денеска не е даден налог возилата да излезат да возат. Не дека не сакаме туку нема како да ставиме гориво. Вака ќе биде додека не се најде решение со Град Скопје.

Знаеме дека ситуацијата е тешка, имаме економска и енергетска криза, но и ние не можеме да возиме без пари“, вели Милорад Димитриевски од превозникот „Макекспрес“.




Градот има долг и кон вториот приватен превозник „Слобода превоз“ од околу 700.000 евра, но тие денес возат бидејќи им било ветено дека до петок ќе им бидат исплатени пари.




На 20 октомври Скопје а прв пат во својата историја остана без јавен превоз, низ улиците не возеа автобусите на ЈСП „Скопје“ поради неисплатени плати на вработените.

Град Скопје на вонредна седница пренамени 2 милиони евра од другите проекти предвидени во буџетот за субвенции за ЈСП за да може да се поделат плати.




Но, тие пари не се доволни за да се исплатат и приватноите превозници па затоа кон нив се` уште има долг од околу 1,2 милиони евра.

error: Content is protected !!